Одбил хемотерапија, дочекал 102.роденден: Ги надживеал лекарите и го открил рецептот со кој го победил ракот

Ова е приказна за човекот кој заборави дека треба да умре.

Кога лекарите на Стаматис Мораитис, грчки ветеран, во 1976 година му дијагностицирале неизлечив рак на бели дробови, тој се помирил со судбината. Никој не се ни сомневал дека Стаматис ќе стане човек од кој BBC ќе го бараат рецептот за неговото чудесно излекување и дека со него ќе направат интервју! (интервјуто можете да го погледнете во видеото, најдолу под текстот)

Loading...

Имено, во далечната 1976 година, девет различни доктори му рекле на Стаматис дека му преостануваат само уште шест месеци живот, па затоа му предложиме веднаш да започне со хемотерапија. Тој не сакал да се подложи на овој третман, ја одбил хемотерапијата и се вратил во својот роден крај, островот Икарија во Грција.

После тоа, се случило нешто неверојатно!

На самиот почеток, тој започнал да пати од депресија, па по цел ден лежел во кревет, а неговата сопруга и мајка му се грижеле за него.

Еден ден му се вратила вербата и желбата за живот, иако краток, бидејќи мислел дека само уште малку време му е преостанато. Започнал активно да живее – во недела наутро се качувал на ридот каде се наоѓала грчка православна црква во која неговиот дедо бил свештеник. Почнале да го посетуваат неговите пријатели, кога дознале дека се вратил во родниот крај и секој ден со нив си поприкажувал со часови и притоа пиел локално произведено вино.

“Барем ќе умрам среќен”, си повторувал тогаш Стаматис. Следните месеци од некои причини започнала да му се враќа силата. Еден ден, одлучил да направи своја градина. Не очекувал дека ќе ги доживее плодовите од таа градина, но барем ќе уживал во сонцето и свежиот воздух покрај морето…

Поминале шест месеци, но Мораитис не умрел. Наместо смрт, тој си го набрал зеленчукот, го исчистил семејното лозје, повторно се соживеал со островот, почнал да работи во лозјето, се будел рано и по цел дел поминувал во природа.

Самиот себеси си приготвувал ручек од зеленчукот набран во неговата градина. Навечер одел во локалната кафеана каде играл домино до долго после полноќ.

Годините минувале, а тој станувал се поздрав, а така и се чувствувал. Ја надоградил својата куќа со уште неколку соби, а годишно произведувал и до 1500 литри свое, домашно вино.

После 40 години таков живот, доживеал 97 години, кога сфатил дека тој не умрел како што му било кажано. Одлучил да ги посети докторите а со себе ги понел и наодите и снимките, за да провери што се случило.

Се обидел да ги најде истите оние лекари кои му прогнозираа уште само шест месеци живот, но дознал дека сите нив ги надживеал.

Мораитис умрел кога имал неверојатни 102 години, среќен и здрав. Умрел од старост, а ракот кој се споменуваше, повеќе не постоел.

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

“На болниот човек не му е потребна толку медицината колку што му е потребна верата, волјата и враќање во природата. За здравје е потребна регенерација на телото и духот.

Местото каде тој се вратил, Икарија, е познато по здравата исхрана. Мештаните од тој остров речиси и не знаат што е тоа болест на срцето или рак. Тие таму се многу ретки” – изјавиле научниците после истражувањето на овој необичен случај и заклучиле дека медитеранската исхрана дефинитивно одиграла клучна улога.

Девственото маслиново масло, рукола, швајцарска блитва, јаглени хидрати, леќа, интегрален леб, оригано, магдонос и власец се одлични намирници кои на островот Икарија се користат секојдневно.

Исто така, таму црвеното месо не се јаде повеќе од еднаш седмично.

“Можеби немаме многу пари, но секогаш имаме храна на масата и се забавуваме со семејството и пријателите. Не брзаме сè да сработиме преку ден, па понекогаш работиме и навечер. А на крајот од денот не одиме на двоседот за да гледаме ТВ, туку се дружиме и се смееме” – говорат мештаните од Икарија.

Посебноста на животот во Икарија која ги лекува сите болести, лежи во тоа што никој не брза да живее. Сè што јадат и пијат сами си го произведуваат во својата бавча. Многу пешачат, и по 20 км на ден, а попладне целото село одмора. Многу се смеат и се дружат како семејство и како пријатели. Пијат вино направено од сопствени раце, но и чај и јадат своја храна. Живеат без стрес и затоа се среќни. Трчањето по пари кај нив не постои.

РЕЦЕПТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ БАЗИРАНО НА ЖИВОТОТ НА ИКАРИЈА:

-Медитеранска диета

Многу, по можност ситов и домашен зеленчук. Да се исфрли месото или да се ограничи на еден оброк седмично. Домашно маслиново масло, семки, житарици. Домашен интегрален леб. Домашно овошје и зеленчук.

-Многу чај

чајот има диуретични својства и можност да ги исфрли сите отрови од организмот, ако е домашен, секако.

-Одмор

Одморајте се ако сте уморни. Не го присилувајте организмот на живот со малку сон. Луѓето кои попладне одмораат барем 5 пати седмично по половина час, имаат 35% помала шанса за кардиоваскуларни заболувања. Исто така, се намалува хормонот на стрес.

-Бидете активни во природа

Шетајте, впивајте го сонцето и морето или зеленилото, шумата, тревата. Работете, градете, садите. Чувствувајте се корисно. Не трчајте по животот и ослободете се од стравови и стрес. Дружете се со пријателите и семејството, смејте се многу и не очекувајте ништо од животот. Едноставно препуштете се на убавините од животот. Колку е можно, преселете се во место без смог, во место без отрови во воздухот. На место каде нема никој да ве присилува на било што.

“Живејте и заборавете на болест. Живејте како да ја немате болеста, како да не постои”, говорел Стаматис и себеси си подарил уште 45 години, наместо прогнозираните 6 месеци…

Loading...