Меки медени колачи: Подобри од купечките, секој залак се топи во уста

Фото и рецепт: Ирена

Потребни состојки:

4 јајца
250 г шеќер
6 лажици мед
600 г брашно (јас употребив околу 800 г)
2 лажички сода бикарбона
1 лажичка цимет

За глазура:

1 белка
150 г шеќер во прав
1 лажичка лимонов сок
10 каранфилчиња мелени

Постапка:

Loading...

Изматете ги јајцата со шеќерот, медот, циметот и замесете тесто додавајќи сода бикарбона и брашно.

Во рецептот пишува 600 г, но јас додадов повеќе и тоа за да добијам тесто кое може да се обликува како топка. И покрај тоа, и натаму беше малку влажно, па морав да ги натопувам рацете во вода, за да можам да го работам.

Според оригиналниот рецепт тестото мора да отстои во фрижидер 2 часа во фрижидер, ама зошто брзав, па со влажни раце продолжив да го работам. Откинував парчиња од тестото и правев топчиња со величина на голема маслинка.

Ако го правите според оригиналниот рецепт и ставите 600 г брашно, после 2 часа отстојување во фрижидер тестото се стегнува и полесно се прават топчињата.

Топчињата се ставаат во намастен плех на одредено растојание, зошто при печењето доста нараснуваат, а имаат и поубав облик доколку не се залепат едни со други.

Се печат во загреана рерна на 180-200 степени околу 12-15 минути. Медењаците ќе бидат меки, но така треба да бидат. Кога ќе се оладат малку ќе се стврднат.

За глазура: изматете ја белката со шеќерот во прав, па додадете лимонов сок и вода по потреба (внимавајте да не излезе многу ретка). Во оваа глазура натопувајте ги изладените медењаци и оставете ги да се исшуат. Јас повторно, бидејќи немав време, ги ставив во рерна да се исушат на 80-100 степени околу 1 час.

Напомена: медењаците навистина се многу меки и можат веднаш да се јадат и без глазура, за разлика од другите кои мора да отстојат 1-2 дена. Многу се вкусни, а можете да им ставите и зачин за медењаци. Ако немате зачин, тогаш доволен е само циметот или каранфилчето.

Loading...