Од ова вирусите бегаат – сигурен и природен лек за бронхит, астма и прочистување на белите дробови

Фото и рецепт: Сониа Дуле Андреев

Рецептот и искуството го објави нашата драга пријателка и членка Сониа Дуле Андреев во групата НМД рецепти.

-Еве еден сигурен природен лек против вирусите – вели г-ѓа Андреев која речиси пред две децении се борела со бројни тешки болести и која со помош на природната медицина успеала да го зајакне својот организам. Таа несебично ги споделува своите рецепти со читателите на НМД.мк.

Потребни состојки:

2 кг органски мед
500 г полен
200 мл прополис

Постапка:

Сите состојки се ставаат во еден поголем сад или тегла, па добро се промешува. Се остава да се растопи поленот, за што му се потребни 2-3 дена.

Затоа, добро е ако одвреме на време се промешува, па на тој начин многу побрзо ќе се растопи.

Овој лек е многу лековит за бронхит, астма, кашлица и многу добро ги прочистува белите дробови, – го споделува своето искуство г-ѓа Андреев.

Ова е основната смеса на г-ѓа Андреев, а од истата може да се прават комбинации со мелени ореви, сечкани суви смокви, рендан ѓумбур, куркума, алое… односно според потребите.

ПРИРОДЕН ПОЛЕН (цветен прав) благотворно влијае на органите за варење, на жлездите со внатрешно лачење, на работата на срцето и мозокот.

Помага во отстранување на заморот, дејствува позитивно на циркуларниот и на нервниот систем, за надминување на стресот и депресијата. Го подобрува либидото кај двата пола а кај мажите ја подобрува потенцијата.

Исто така позитивно влијае на одбранбениот систем од разни инфекции. Помага при воспаление на простатата и јајниците, зголемен крвен притисок, зголемен шеќер во крвта, ноќно мокрење кај децата, анемија, цироза, артерииосклероза…

ПРОПОЛИС (капки) помагаат при воспаление на грлото, забоболка, парадентоза, воспалени непца, бронхитис, гастритис, изгореници, кожни заболувања, астма…

Претходна статијаОваа вежба прави чуда: Се изведува само 4 минути дневно, а го затегнува апсолутно секој мускул во телото
Следна статијаДобри вести: Нова терапија за болните од цистична фиброза