Патот до витката линија никогаш не бил полесен. Сигурно сте слушнале за вежбата планк и за сите бенефити кои ги има телото од нејзиното изведување.

Но, дали знаевте дека постои дури и помоќна вежба од неа?

Всушност, станува збор за варијација од оваа вежба. Само мала промена во изведувањето дава феноменални резултати и ги активира ама баш сите мускули на телото.

Покрај тоа, ќе ве ослободи и од болките во грбот и ќе ја поправи вашата постура, односно држењето.

Обратниот планк ги јакне мускулие на грбот, стомакот, бутовите и рацете, а сето тоа за само четири минути дневно. Оваа вежба може да замени многу часови поминати во теретана, а првите резултати ќе ги забележите веќе за еден месец.

Најдобро е да си исцртате календар со датуми, во кој ќе ги запишувате резултатите од телесната тежина и обемот на критичните места. На тој начин ќе имате најдобар преглед за вашето напредување.

Мускулите стануваат многу поиздржливи, се зацврстуваат, се поправува комплетниот изглед на телото и се ослободува од болките, а сето тоа со само минимално вложено време. Дефинитивно вреди да се испроба.

Во видео прилогот погледнете како изгледа еден тренинг и изведување на оваа моќна вежба: