ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ПОДОБРУВАЊЕ И ОБНОВУВАЊЕ НА СЛУХОТ
Потребни состојки: една рака свежи листови босилек, газа
Постапка: листовите босилек сомелете ги, па преку газа исцедете го сокот. Потоа добиениот сок загрејте го на тивок оган, за да биде топол, но не премногу врел. Со помош на капалка, капнете 2-3 капки од течноста во б олното уво. Ставете топла облога на увото и оставете да делува половина час.
За најдобри резултати повторувајте ја постапката наутро и навечер во текот на една недела. За дејството на босилекот, како и за видови оштетување на слухот, прочитајте повеќе подолу во текстот.
ЛЕК ЗА БОЛКИ ВО УВОТО СТАР 200 ГОДИНИ
Еден орев внимателно се отвора на половина, со нож, се вади јатката од едната половина а лушпата се полни со масло. Внимателно се става на загреана рингла да врие околу 1-2 минути, притоа внимавајќи да не се истури маслото.
Лушпата од оревот ќе испушти јод кој ќе се соедини со маслото а со тоа ќе се зголеми лековитоста на маслото. Се собира со шприц и внимателно се капнува во болното уво. Болката веднаш се смирува. *Се користи било какво лековито масло, но најдобро е кантарионовото.
Коментар на Ванка Паунова: „Јас го правам кога некој кашла и има ефект. Во оревчето ставам масло, па во лажичка на рингла. штом почне да врие го тргам да се олади, па го пиеме. Има многу фајде.”
Коментар на Анита Гошева: „Точно, испробано и стварно делува, болката престанува”
Коментар на Марија Стојчевска: „Јас ова го научив од мојата покојна баба и мајка, сега го практикувам на ќерка ми кога ќе се пожали на болка и стварно е ефикасно”
Коментар на Благица Брајаноска: „Навистина добар трик. испробан и ефикасен”.
Коментар на Тања Мино: „Кога го правам лекот, во оревот ставам парче лукче и дополнувам со масло. Болката веднаш поминува.”
Коментар на Елизабета Цветковска: „Точно и јас сум го правела и функционира”.
Коментар на Киро Пројчески: „Овој рецепт го употребувам и јас против кашлица зимно време ставам во оревчето и толчен или сечкан лук и го пијам. Вистина помага само навечер да се пие бидејќи лукот има јак мирис”.
Коментар на Славјанка Танасковиќ: „Јас сум го користела, многу е ефикасен”.
Коментар на Вилма Циунова Рогузарова: „Леков помага и за настинка и грип се пие ја смирува кашлицата што е најважно едноставен и евтин”
Коментар на Габриела Миленкоска: „За болка во уво..еве уште еден..од баба ми рецепт… Се зема праз и се сече белиот дел, се става без масло без ништо да се запржи. Тоа си испушта самото од себе сок… од него се тура во увото двапати на ден по неколку капки (2-3).”
Освен како зачинска билка, босилекот се користи и во лековити цели, а меѓу другото помага и во тегоби поврзани со увото. Листовите од босилекот делуваат против бактериите, ги ублажуваат б олките и ги лекуваат шумот и зуењето во ушите, познато како тинитус.
ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ
Како што е оштетувањето на видот, така и оштетувањето на слухот е поврзано со стареењето. Оштетувањето на видот постепено води до отежнато читање, затоа што буквите стануваат помали, но кај оштетувањето на слухот е различно. Тешко е да се слушнат одредени слогови или звуци. На пример, консонантите како што се Ф, С, или Т лесно ги надминуваат погласните и посилните самогласки како што се А, О и У.
Видови на оштетувања на слухот
Оштетувањето на слухот може да се случи во било кој период на животот и од бројни причини. Но, воопшто постојат 3 видови на оштетување на слухот: кондуктивно, сензоневрално и мешовито
Причини за оштетување на слухот
Најчести причини за оштетување на слухот се изложеноста на бучава и стареењето. Исто така, причини се и: инфекција при бременоста, инфекција, пов-реда на главата,, оштетување на слушната мембрана, лекување на одредени видови на канцер, употреба на одредени видови на лекови.
Оштетувањето на слухот може да биде последица на различни болести како на пр. воспаление на увото и сл. Меѓутоа во денешно време оштетување на слухот сè почесто настанува како последица на изложеност на преголема бучава, а доколку изложеноста на бучава е и секојдневна и трае по неколку часа, може да дојде до оштетување на слухот кое е трајно и повеќе нема да може да се поправи со никакви лекови.
Особено опас-на е работата во бучни фабрики, работа со бучни алати и машини… Во сите тие случаи треба да се заштитите со носење на „слушалки” (антифона) против бучава и/или со ставање на заштитни тампони во ушите.
Постојат и секојдневни штетни навики: често прегласно слушање на музика, долготрајни возења со мотор, пречесто и долготрајно земање на некои антибиотици како и конзумирање на ал-кохол и цига-ри.
Степен на оштетување на слухот
Факт е дека едно од 6 лица со старост од над 50 години, има потешкотии со слухот и бара помош и појачување на звуците. Оштетувањето на слухот оди од лесно, кон средно тешко, сериозно и длабоко оштетување. Лесното оштетување на слухот ја намалува нашата можност за разбирање на говорот.
Додека кај длабокото оштетување на слухот разбирањето на говорот воопшто не е можно. Без разлика на степенот на оштетување, многу типови на звуци е многу тешко, па и невозможно да се слушнат – звуци како што е пеењето на птиците, тивки гласови, апарати како што е телефонот.