Една чаша дневно за анемија, дијабетес, астма, опаѓање на косата и други тешки болести

Лековитите својства на копривата одамна се познати, а сокот и чаевите од коприва се користат како лекови во народната медицина. Поради диуретичките својства тие им помагаат во случаите на прекумерно задржување на течности и во чистење на црниот дроб, а корисни се и против гихт и артритис затоа што поттикнуваат излачување на уричната киселина од телото.

Кон-сумирањето чај од коприва го намалува нивото на шеќер во кр-вта, го стимулира дигестивниот систем, помага кај тешка и б олна мен-струација, ги ублажува симптомите на менопаузата, ги намалува алергиските реакции и ја подобрува циркулацијата на кр-вта низ телото.

ВЛИЈАНИЕ НА КАШЕСТИОТ СОК ОД КОПРИВА ВРЗ ЗДРАВЈЕТО

Бидејќи копривата е една од билките со најголем број лековити својства, се препорачува секојдневно да се пие овој природен сок, но не повеќе од една чаша. Ги има следните позитивни дејства:

-ја помага работата на цревата; ја подобрува кр-вната слика, па би требало да го кон-сумираат лица со анемија, а може да помогне и при најтешките заболувања на кр-вта, како леукемија; му помага на организмот побрзо да се опоравува после тешки болести, опера-ции и други ст-ресни ситуации;

Исто така, позитивно делува врз работата на бубрезите, црниот дроб, белите дробови и панкреасот; го јакне имунитетот и му помага на организмот во борбата против настинки, вируси и слично; го регулира нивото на шеќерот во кр-вта, па особено им се препорачува на дијабетичарите;

Помага во исфрлање на вишокот течности и забрзување на дигестијата; лекува уринарни и респираторни инфекции; ублажува алергии и астма; помага при болести на коските; ја јакне надбубрежната жлезда; ублажува симптоми од желудочни тегоби;

Во козметиката има широка примена, бидејќи го подобрува здравјето и квалитетот на кожата и косата; спречува опаѓање на коса; го опоравува организмот, ја враќа енергијата и ја зголемува издржливоста, итн.

НУТРИТИВНА ИНФОРМАЦИЈА

Сокот од коприва е богат со минерали: железо, калциум, фосфор, витамин А, витамин В2, витамин Ц, органски киселини, флавоноиди, билни масти, билни јаглени хидрати и билни белковини. Доколку се кон-сумира секојдневно околу 200 мл од овој напиток, позитивните резултати би требало да бидат видливи за еден месец.

КАШЕСТ СОК ОД КОПРИВА

За овој рецепт потребен ви е блендер. За берење на копривата користете заштитни ракавици или кеса. Копривата берете ја од чист и незагаден предел, далеку од сообраќај. Листовите се зрели кога билката ќе достигне висина од 20 см и тогаш се најквалитетни.

Кога ќе се набере копривата, потребно е да се испере неколку пати со ладна вода. За сок се користат листовите од копривата, односно врвовите од билката. За овој рецепт ви се потребни свежи листови.

Потребни состојки: 2 полни раце коприва и 250 мл врела вода

Постапка: состојките ставете ги во блендер и заедно измиксајте ги. Добиената содржина процедете ја низ цедалка и газа. Засладете со мед, шеќер, стевија или нешто друго. Консумирајте веднаш.

НАПОМЕНА: Препорачана доза е една чаша дневно (200 мл). За вкусот може да се каже дека потсетува на чорба од спанаќ, па и покрај лековитоста, на некои не им одговара. Доколку правите поголема количина за да имате за подоцна, сокот би требало да го замрзнувате.

Освежителен сок / сируп од коприва со послабо дејство од кашестиот

Потребни состојки: 40 врвови млада коприва, 3 литри ладна вода, 2 лимони или цитрони

Постапка: се остава 24 часа, па се процедува. Во течноста се додава 1 кг шеќер и повремено се промешува за да се растопи шеќерот. Се остава нови 24 часа за целосно да се растопи шеќерот. Потоа се складира во стаклени шишиња и се чува на ладно.

Најчесто, сокот од коприва се прави од листовите, но може да се користат и стеблото и корените. Во три грама листови коприва има само една калорија, но затоа ги содржат 87% од препорачаната доза на калциум и 7 отсто витамин Ц. Сокот од коприва е со темнозелена боја и има силен вкус, па поради тоа се пие во мали количини.

Брз сок од коприва

За да го направите овој сок ви требаат две чаши полни со свежи листови од коприва и една чаша вода. Измешајте ги состојките во блендер без да се разредува со вода по мешањето. Ако сакате, може да се заслади со шеќер или мед.

Сок од коприва со агруми

Потребни состојки: 30 листови/врвови од коприва, 2 лимони, 3 портокали, 800 г шеќер или 8 лажици мед и 3 литри вода

Постапка: лимоните и портокалите треба да се исечат на парчиња и заедно со листовите коприва да се стават во вода да отстојат еден ден. Потоа сè заедно се г-мечи и меша до саканата текстура. Пијалакот може да се чува во фрижидер неколку дена.

Сок од коприва и блитва со овошје

Потребни состојки: 30 листови/врвови коприва, 2 големи листови блитва, 1 зелено јаболко, 1/4 ананас, 1 лимон

Постапка: ставете ги сите состојки во блендер и измешајте. Доколку сакате, може да се додаде шеќер или мед, иако тоа не е потребно бидејќи овошјето дава сладост. Наместо блитва, може да се користи спанаќ или зелена салата, а по желба може да се разредува со вода.

Блитвата, како копривата е нискокалорична и богата со витамини, минерали, фитонутриенти и диетални влакна кои помагаат во губење на тежината. Овој пијалак, покрај витамин Ц, содржи и железо, магнезиум и калциум. Кон-сумирајте го свеж во текот на истиот ден.

Несакани ефекти

Ако користите лекови за разредување на кр-вта, не треба да пиете сок од коприва, бидејќи содржи високо ниво на витамин К, кој влијае врз коагулацијата на кр-вта. Исто така, бидејќи сокот од коприва го намалува кр-вниот притисок, треба да го избегнувате ако користите лекови за намалување на истиот. Овие сокови го намалуваат и нивото на шеќер во кр-вта, па затоа треба да внимавате доколку користите лекови за дијабетес.

Loading...