Домашен еурокрем без адитиви кој е поздрав од купечкиот а добивате 1,5 кг

Никој нема да го одбие овој фантастичен крем. Рецептот за домашна Нутела е доста едноставен, а добивате речиси 1,5 килограми од ова слатко задоволство. Направете си сами Нутела, без адитиви и израдувајте ги вашите деца.

Потребни состојки:

1 литар млеко

200 г квалитетн путер

6 лажици брашно

6 лажици какао во прав

200 г шеќер во прав

1 јајце

200 г лешник

Постапка:

Лешникот ситно сомелете го или исечкајте го во блендер (колку поситно – толку подобро). Измешајте го какаото, брашното и шеќерот во прав. Во тоа додадете половина литар млеко и јајце, добро промешајте.

Втората половина од млекото ставете ја на оган да зоврие. Во зовриеното млеко со постојано мешање додавајте ја претходната смеса.

Додадете лешник и промешајте. Намалете го огнот и постојано мешајте додека смесата да згусне. Тргнете од оган, додадете го путерот и промешајте. Кога ќе излади – измиксајте со миксер.

Оставете во фрижидер да преноќи. Домашната Нутела се чува во стаклена тегла во фрижидер 1 месец. Уживајте во овој прекрасен крем и не заборавајте да го споделите со вашите пријатели.

Loading...