Новогодишни колачи…Десерт за празнична атмосфеpа…Се топат во уcта…Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
120 г путер или маргарин на собна Т
1 јајце
100 г шеќер во прав
кора од лимон
2 лажици скроб/нишесте/густин
290 г брашно
мармалад од јаболка
кокос за валање
Се печат на 200 степени, 20 минути
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мала чајна чаша од 120 мл):
1 кесичка ванилин шеќер (8 г)
1 чајна чаша жешка вода (120 мл)
1 чајна чаша масло (120 мл)
280 г брашно
1 кесичка прашок за печење (10 г)
За фил:
50 г џем по избор
100 г шеќер во прав – за валање
Се печат на 200 степени, 15 минути
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад со жица соединете исечкан путер, јајце, шеќер во прав, густин и рендана кора од лимон. Потоа додајте го брашното и замесете средно меко тесто кое лесно се обликува со рака.
Кинете топчиња и редете ги во плех обложен со хартија. Одозгора со виљушката малку притиснете ги и печете ги 20 минути во загреана рерна на 200 степени.
Оладени спојувајте по две со џем и валајте ги во кокос. Одозгора посипете шеќер во прав. Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ: