Познатата Шехеразада торта е готова за час, а во оваа верзија, во интерпретација на Ивана, се користат турски кекси и не е потребно печење на кори.

Потребни состојки: 2 пакувања турски бисквити, 5 кесички пудинг од карамел (1 кесичка од 40 г), 1,700 мл млеко + 400 мл за шлагот, 250 г путер или маргарин, 200 г шеќер, 300 г шлаг со вкус на слатка павлака, 500 мл слатка павлака (за декорација)

одвојте малку млеко за да ги разматите пудинзите
растопете го шеќерот
во карамелот додајте го остатокот од млекото

Постапка: растопете го шеќерот додека да добиете карамел, па додајте млеко. Претходно оставете малку млеко за да го разматите пудингот (околу 300-400 мл). Гответе додека карамелизираниот шеќер да се растопи.

додајте го разматениот пудинг

кога целосно ќе се олади, изматете го со миксер
путерот оставете го да омекне на собна температура
пенасто изматете го
изматениот путер додајте го во кремот, па со миксер изедначете ја смесата

Додајте го разматениот пудинг и мешајте постојано додека да се згусне. Филот тргнете го од рингла и оставете да се излади. Кога целосно ќе излади изматете го со миксер. Пенасто изматете го путерот или маргаринот па соединете го со изладениот пудинг.

Во 400 м л ладно млеко додајте го шлагот
пенасто изматете додека да стане цврст

Изматете го шлагот со 400 мл ладно млеко. Филувајте: бисквити, фил, шлаг, бисквити, фил, шлаг, бисквити, фил, шлаг, бисквити, фил и изматена слатка павлака како шлаг. Со шлагот од слатката павлака премачкајте ја целата торта. Оставете ја тортата во фрижидер да се олади и стегне, па послужете ја.

1.ред кекси
2.ред – фил од карамел (една четвртина)
3.ред – шлаг
4.ред – бисквити
5.ред – карамел
6.ред – шлаг 7.ред – бисквити
на крај завршете со изматена слатка павлака
декорирајте по желба
изладете ја тортата во фрижидер пред послужување

Многу убаво се сече, декоративна е, а вкусот е неодолив. Секој залак се топи во уста, а вкусот на кексите, карамелот и павлаката едноставно се слеваат еден во друг. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во вкусот

II ВЕРЗИЈА НА РЕЦЕПТОТ: Нова Шехерезада торта која не се пече: детална постапка – мора да успее! Тортата е навистина превкусна, ретко кој не побарал уште едно парче.

Потребни состојки: 1,5 литар млеко, 14 лажици шеќер, 5 пудинг од карамел, 250 г путер, 500 г шлаг, 500 мл газирана вода и 600 г турски бисквити Petitbeurre

Постапка: Од вкупното млеко одвојте 200 мл и додадете 5 кесички пудинг и две лажици шеќер. Тргнете на страна. Остатокот од шеќерот (12 полни лажици) растопете ги на оган да добиете карамел, па додадете го во претходно загреаното млеко.

Кога сето добро ќе се оседини и проврие, додадете ја смесата со пудингот и варете со постојано мешање додека да згусне. Оставете го пудингот да излади и соединете го со измиксаниот путер.

Посебно изматете 500 г шлаг со 500 мл газирана вода. Потоа редете ја тортата во тепсија со димензии 35х25 см: бисквити – фил – шлаг – бисквити – фил – шлаг итн. Вака направете четири редови и на крај обложете ја целата торта со шлаг.

Оставете ја тортата неколку часови во фрижидер, добро да излади и вкусовите да се соединат. Наместо 5 пудинзи од карамел може да користите од ванила и да ставите 15 лажици шеќер наместо 14.