Од дебелината која сте ја добиле поради хормони, може да се ослободите само вака: совет од гинеколог

Дали имате еден проблематичен дел од телото со кој никогаш не сте задоволни, и колку и да се трудите да го доведете во ред не ви успева? Експертите велат дека за тоа постои научно објаснување. Прекумерното дебелеење на еден дел од телото најчесто е резултат на хормонална нерамнотежа, покажуваат истражувањата.

„Животниот стил, исхраната и генетиката имаат голема улога, но позитивно во сето ова е дека постојат работи кои можете да ги преземете и да ги вратите во рамнотежа хормоните, а на тој начин да се ослободите и од вишокот маснотии. Меѓутоа, прво треба да се одреди причината“, советува професорот по физиологија Сафрон Вајтхед.

Гинекологот Сара Готфри е експерт кога станува збор за хормоните и таа смета дека килограмите наталожени поради хормонално пореметување, можете да ги изгубите само на еден начин!

Доктор Сара Готфри работи на Универзитетот Харвард и нејзина специјалност се хормонските промени во телото. Ако не можете да ослабете, послушајте го нејзиниот совет.

„Во текот на својата кариера, кога разговарам со пациентите и кога споделувам совети преку интернет, добивам пораки главно со ваква содржина:

„Се придржувам на сите овие правила, но не можам да ос-лабам”; „Стареам и метаболизмот ми се успорува. Ова е генетика, сè потешко ми е да ос-лабам”; „Никако не можам да ос-лабам ниту 5 кг! Изгледа ќе мора да се навикам на оваа килажа”;

„Некои намирници не можам да престанам да ги јадам иако сум свесна за нивната ш-тетност”; „Дали може да ми препишете некои лекови за с-лабеење?”; „Веќе се обидов да ос-лабам, без успех. Можеби е подобро да се прифатам себеси како дебела личност”;

„Универзалните препораки за исхрана не делуваат на мене!“; „Ос-лабев 2 кг, ама затоа веднаш добив 5 кг штом заврши диетата. Се чувствувам г-розно!”…

Веројатно барем еднаш во животот сте изговориле некоја од горенаведените фрази. Не е тешко да се погоди дека се бо-рите со вишок килограми. Добро го разбирам изма-чувањето на жените кои имаат проблем со дебелината. Еднаш кога и јас се здебелив, морав да го искористам цело мое медицинско знаење за да се вратам во нормала.

Бидејќи сум гинеколог и жена, подготвена сум своето знаење да го споделам со вас. Во телото имаме огромна количина на хормони, но постојат 4, специфични за женскиот пол, чиј недостиг ни го отежнува с-лабеењето и ни го оневозможува гу-битокот на вишок килограми.

БЛОКАТОР 1: Нерамнотежна на естрогенот

Тоа е хормон кој нам жените ни ја дава женственоста. Го имаат и мажите, но во помали количини. Ако имате ниско ниво на тестостерон, концентрацијата на естроген е речиси сигурно над нормалата.

Што да се прави?

За да го намалите естрогенот (и да ос-лабете) препорачувам дневно да јадете околу половина кг варен зеленчук. Зеленчукот има способност да го исфрли вишокот естроген од телото, така што нема да циркулира низ вашиот организам како ло-ша карма.

На овој начин ќе го намалите кон-сумирањето на месо кое исто така, може да го зголеми нивото на естроген во телото. Не сум за тоа месото целосно да се исфрли од исхраната, но во текот на нормализацијата на хормоните, моја препорака е да јадете колку можете повеќе зеленчук. Исто така, во оваа пригода советувам да ја испробате „палео диетата” која е многу ефикасна.

БЛОКАТОР 2: Вишок инсулин

Познато е дека секој втор Американец пати од некаков облик на дијабетес кој е проследен со дебелина. Кога имате проблем со вишок инсулин, доаѓа до пореметување на глукозата, шеќерот во кр-вта скока горе-долу, а мастите се таложат.

Што да се прави?

Постојат многу начини за нормализација на инсулинот, но лично препорачувам да пијат по две лажици јаболкова киселина растворена во чаша вода, секое утро.

Студија од 2004 година покажува дека кон-сумирањето на 2 лажици јаболкова киселина пред оброк, на љубителите на јаглени хидрати значително им го намалува нивото на гликоза во кр-вта особено кај лицата со отпорност на инсулин. Секако, мора да се одречете од слатките и вештачките засладувачи, шеќер во било кој облик…

Запамтете: Ако имате пореметување на метаболизмот, тоа е прв знак дека имате проблем со инсулинот.

БЛОКАТОР 3: Вишок кортизол

Кортизолот се произведува како одговор на ст-ресна ситуација, но повеќето од нас постојано се под ст-рес. Кога станува збор за хормонална нерамнотежа и дебелеење, сите патишта водат до кортизолот.

Ако вашето тело постојано доживува цел спектар од хормонот на ст-ресот, мора да акумулира масни резерви. И тој начесто ќе ги складишти на стомакот. Високото ниво на кортизол доведува до зависност од храна, а посебно шеќер. Почнувате да јадете повеќе слатки и брза храна. Како резултат на тоа се создава чисто масно ткиво кое се таложи во сите делови од телото.

Што да се прави?

За да го рестартирате нивото на кортизол, треба да престанете да пиете кафе. Воздржете се од кафе најмалку една седмица и ќе забележите дека подобро спиете, дека сте посмирени.

Ако ви е невозможно да се одречете од кафето, обидете се да го замените со зелен чај кој исто така содржи кофеин. Потоа, со текот на времето, зелениот чај заменете го со некој билен чај.

Понекогаш испијте врела вода со лимон и прстофат кајенски лут пипер. Овој напиток е многу добар и ќе доведе до: секое утро ќе ви биде регулирана работата на цревата, ќе имате редовна столица, а ток-сините ќе ги исфрлите од телото.

БЛОКАТОР 4: недостиг на адипонектин

Адипонектин е еден од клучните хормони кои му говори на вашето тело да ги сого-ри мастите. Кодираниот геном ADIPOK е потребен за регулирање на нивоата на гликоза и за разградување на масните киселини.

Што да се направи?

За да го вратите адипонектинот во телото, препорачувам да јадете фстаци. Тие се одлични и влијаат врз концентрацијата на хормоните во целото тело.

Исто така, овој хормон ќе се враќа и со периодичното гладување. Најлесно е ако не јадете навечер, т.е. да гладувате 18 часови. Ако сте вечерале последно во 18 часот, тогаш не смеете ништо да јадете до 12 часот следниот ден. Освен фстаците, во регулацијата на овој хормон помагаат и авокадото и темното чоколадо.

Никако не заборавајте да вежбате!

СОВЕТ ПЛУС: Мојот совет е да си го слушате своето тело и да го следите тој пат. Жените најдобро ослабуваат тогаш кога цврсто ќе одлучат да променат нешто кај себе. Тие ја имаат таа моќ да се преобразат за инает на другите“, заклува гинекологот.

СПОРЕД ДЕЛОТ ОД ТЕЛОТО НА КОЈ СЕ ДЕБЕЛЕЕТЕ – КОЈ ХОРМОН ВИ Е ВО ДИСБАЛАНС

Сало на стомакот: виновник е кортизолот

Телото реагира на ст-рес со зголемено лачење на хормонот кортизол, кој ја ослободува енергијата, па доаѓа во форма на маст и глукоза, кои се складираат во средишниот дел на телото, блиску до црниот дроб. Избегнувајте ст-рес.

Јадете помали оброци повеќе пати на ден, за нивото на шеќер да го држите стабилно. Се препорачуваат намирници со ниска гликемиска вредност, како јаболка, леб од житарки и индиски ореви. Не вежбајте повеќе од 45 минути, затоа што и тоа го поттикнува производството на кортизол.

Голем за дник и широки бутови: Виновник е естрогенот

Премногу естроген може да предизвика таложење на масти во зад-никот и бутовите. Пиење на премногу алкохол прави црниот дроб да не може да го исчисти естрогенот од кр-вта. Сојата може да го намали производството на естроген. Хранливите состојки во брокулата ги регулира ензимите во црниот дроб. Ограничете ги месото и кафето, бидејќи тие го оптоваруваат црниот дроб.

Отечени зглобови: Виновник е прогестеронот

Отечени скочни зглобови често се резултат за задржување на течностите, што може да биде предизвикано од недостаток на прогестерон. Храна богата со витамин Е може да поттикне производство на прогестерон, на пример: семки, сончоглед и путер од кикирики. Намалете го внесот на натриум, бидејќи тој е клучот за регулирање на кр-вниот притисок и нивото на течности во нозете и зглобовите. Избегнувајте преработена храна.

Отечено лице: виновник е тироксинот

Отечени лице и врат може да бидат резултат од премалку тироксин, хормон кој го произведува штитната жлезда. Неактивна штитна жлезда го успорува метаболизмот, што може да биде причина за надуеност.

Се пречорачуваат додатоци кои содржат селен, кој му помага на телото поефикасно да го искористи тироксинот. Ако поминувате многу време седејќи, потрудете се да седите исправено, и правете почести паузи. Ако забележите дека сте изморени и дека се дебелеете, обратете се кај лекар.

Масни наслаги на надлактицата: виновник е тестостеронот

Човековото тело произведува хормон кој се нарекува ДХЕА (дехидроепиандростерон), кој се претвора во тестостерон. ДХЕА помага при градењето на мускулната маса. Кога нивото на тестостерон премногу ќе падне, мускулната маса се претвора во маснотии. Тоа најочигледно е на горниот дел од рацеете, каде што има големи мускули.

Нивото на тестостерон кај жените опаѓа со годините. Но, одредена храна помага, консумирајте повеќе протеини, како што се риба, јајца, тофу, јаткасти плодови. Цинкот, магнезиумот и витаминот Б6 исто така го поттикнуваат производството на тестостеронот.

Наслаги на грбот: виновник е хормонот за раст

Наслагите на грбот, најчесто кај жените, може да бидат заради ниското ниво на хормонот за раст (ХГХ). Преку ноќта, женската хипофиза го лачи хормонот за раст, кој ги стимулира масните клетки да ослободуваат енергија за опоравување на телесното ткиво.

Студиите покажале дека возрасните лица на кои им недостасува ХГХ често имаат висок процент на телесни масти, особено на грбот. Храна богата со мелатонин, како малините, може да ја зголемат секрецијата на ХГХ, како и храна со аминокиселински глутамин, што го има во јогуртот.

Loading...