НОВ ЕКОНОМИЧЕН РЕЦЕПТ ЗА ОРАСНИЦИ: Поевтина верзија, но повкусна, од 4 јајца добив 60 колачи. Овој рецепт се разликува од вообичаените рецепти каде се користат само белки, бидејќи овде се матат цели јајца.

Основното правило за овој рецепт е едно јајце да содржи 100 г шеќер, 100 г мелени ореви и 100 г сецкани ореви. Од цели 4 јајца добив 60 орасници, малку поголеми. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 4 јајца
– 400 г кристален шеќер
– 400 г мелени ореви
– 350 г сечкани ореви

ПОСТАПКА: Кога ќе се изматат јајцата и шеќерот во густа и кремаста смеса, пред да се додадат оревите, рецептот вели да се свари кремот на пареа 15 минути.

Јас не го направив тоа, зашто секако орасниците ќе се печат. Вие како сакате, така постапете. Мислам дека тоа му дава посебен вкус. Кога ќе ги додадете мелените ореви во изматените јајца, мешајте со лажица или шпатула додека да се соедини.

Потоа земете две лажици натопени во чаша со ладна вода, црпете од смесата и веднаш спушете во сечканите ореви. Откако целото парче ќе се обложи со ореви, обликувајте го во потковица со раце и редете во плех обложен со хартија за печење.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, проценете сами.

Ставете ја смесата во фрижидер додека се пече првата, за да не се опушти. Пред да ги извадите од плехот треба добро да се изладат за да не се скршат.

Можат да стојат со денови. Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ. Прочитајте: „НАЈПОЗНАТИОТ СЛАВСКИ КОЛАЧ – ОРАСНИЦИ: Само 3 состојки, многу лесно и брзо“ – ОВДЕ.