Веројатно секој знае колку е корисен медот, но малку се знае за придобивките на циметот. Циметот има голем број придобивки меѓу кои: го подобрува тенот, го намалува холестеролот, го забрзува протокот на кр-вта, совршен е за срцето, желудникот, цревата и што е најважно – тој е најдобриот зачин за топење на маснотиите во телото – еден од едноставните начини за решавање на овој проблем.

Циметот е зачин кој потекнува од дрвјата на семејството растенија Cinnamomum. Многу интересен факт за него е тоа што тој не се прави ниту од листовите на растението, а ниту од неговиот плод.

Циметот се прави од кората на стеблото и гранките на споменатите дрвја. Ваквите дрвја имаат потреба од високи температури и влажност, па затоа најзастапен е во земјите околу екваторот, односно јужна Индија, Шри Ланка, Јужна Америка, Карибите итн.

Циметот е достапен во прав или целосен (како парченца од кората на дрвото), но може да се најде и во форма на есенцијално масло. Луѓето го користеле уште од далечни времиња и тоа не само како зачин, туку и во природната медицина за третирање на најразлични заболувања, од кашлица до артритис. Денес, циметот е вториот најпопуларен зачин во западниот свет и кај нас, веднаш зад црниот пипер.

Циметот има големи лековити својства

Постојат два вида на цимет: цејлонски цимет („вистински цимет“) и касија цимет (циметот кој е најчесто користен или уште наречен „кинески цимет“). Овие два вида имаат различна хранлива вредност. Касија видот содржи компонента наречена кумарин, што може да биде штетна за црниот дроб и бубрезите доколку се консумира во преголеми количини.

Иако и двата типа на цимет имаат одредени здравствени бенефити, цејлонскиот цимет се смета за многу подобар избор, пред сé поради помалата содржина на кумарин. Циметот се добива со сечење на кората на споменатото дрвенесто растение. Внатрешниот дел на кората се одделува од дрвенастиот дел и потоа така се користи за добивање на зачинот.

При сушењето на внатрешниот дел од кората, тој се подвиткува во ролни, наречени циметни стапчиња. Потоа, овие стапчиња можат да бидат сомелени. Специфичниот мирис и вкус на циметот се должат на неговиот масен дел, кој е особено богат со компонентата наречена цинамалдехид.

Циметот е извор на антиоксидативни компоненти со моќно антивоспалително дејство: циметот е особено богат извор на антиоксидативни компоненти, како полифенолите.

Циметот е одлична намирница за намалување на шеќерот во кр-вта

Циметот е добро познат по карактеристиката да го намалува шеќерот во кр-вта. Повеќе сериозни студии укажуваат дека овој зачин може драматично да ја намали инсулинската резистентност, помагајќи му на хормонот инсулин, полесно да си ја врши својата работа, односно да ја внесува глукозата во клетките.

Циметот може да придонесе за подобро кардиоваскуларно здравје

Циметот исто така се поврзува и со намалување на ризикот од кардиоваскуларните заболувања, најчестата причина за предвремена с-мрт-ност. Оние кои патат од дијабетес потребно е да консумираат по една кафена лажичка цимет дневно. Истовремено, консумирањето на цимет го намалува лошиот холестерол во кр-вта и мастите. Според некои научни истражувања, циметот се покажал и како одлична намирница на намалување на кр-вниот притисок.

Циметот помага во лекување на габичните инфекции

Есенцијалното масло на циметот може значително да помогне при лекување на габични инфекции. Дополнително, циметот се покажал како успешен во спречувањето на растот на одредени патогени бактерии, како што се Листерија и Салмонела. Некои истражувања покажуваат дека антимикробниот ефект на циметот може да помогне во превенцијата и на кариесот и при лош здив.

Едноставно циметот може да го користите како додаток во сите оброци, а може да биде и одлична замена за шеќер како додаток во кафето. Направете специјална мешавина (пијалак) за намалување на вишокот килограми и пијте го редовно во правилно распоредени интервали.

НАПИТОК за слабеење – рецепт:

Пијте мешавина од мед и цимет во прав секое утро пред појадок на празен стомак и навечер пред спиење. Ако редовно го користите овој пијалак, вишокот килограми со сигурност се намалуваат. Исто така, редовната употреба на оваа мешавина не дозволува акумулација на маснотиите. Пијалокат за слабеење се подготвува навечер, пред спиење.

Потребни состојки: 200 мл вода, 1/2 лажичка цејлонски цимет во прав, 1 лажичка мед.

Постапка: Во тенџере ставете 200 мл вода и оставете да зоврие. Ставете 1/2 лажичка цимет во прав во чаша, а потоа прелијте ја зовриената вода врз циметот. Поклопете ја чашата и оставете да отстои половина час.

Кога водата со цимет ќе се подизлади, додајте 1 лажичка мед. Консумирајте половина чаша пред спиење, а другата половина испијте ја наутро на празен стомак. Не додавајте ништо повеќе на овој рецепт. Овој пијалак функционира само ако го пиете навечер пред спиење и наутро на празен стомак. Обемот на половината ќе се намали, и ќе видите како напредувате во намерата да се ослободите од вишокот килограми.

Овој третман доведува до значително намалување на телесната тежина, бидејќи циметот и медот влијаат на чистењето на дигестивниот тракт, ги отстрануваат паразитите, габите и другите бактерии, кои го забавуваат варењето на храната во организмот.

Можеби ќе ве интересира овој рецепт за слабеење со подобрен ефект со додавање ѓумбир.

Измешајте лажичка сечкан (или мелен) корен од ѓумбир и лажичка мед во чаша топла вода, додајте 1/4 лажичка цимет. Во оваа мешавина можете да додадете и јогурт, доколку не го поднесувате лутиот вкус. Пијте го секое утро на гладен стомак, пред појадокот.

Можам да ви предложам уште еден рецепт, кој го испробав на себе си, а е одличен за чистење на организмот од токсини. Ја подготвив оваа мешавина како појадок. Во една поголема чаша, ставете 3 супени лажици пченични снегулки, лажичка мед и лажичка цимет.

Состојките прелијте ги со малку топла вода и чаша јогурт или кефир со помал процент на масти. Промешајте ја смесата и јадете. После ваков појадок, нема да чувствувате глад уште неколку часа, а ќе бидете исполнети со енергија. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

чај од овес со стапче цимет