Често се среќаваме со различни воспаленија, бронхитис и кашлица, а закрепнувањето често трае долго.

Вирусните инфекции доведуваат до бронхитис, а потоа може да се појави сува или продуктивна кашлица, која може да трае 2 до 3 недели.

Многумина, кога ќе се најдат во ваква состојба, спасот го бараат во антибиотиците. Меѓутоа, тие не се препорачуваат при вирусно заболување и може само да ви наштетат, бидејќи тогаш само ќе ја зголемите отпорноста на тие микроорганизми.

Затоа е подобро да се свртите кон природните лекови кои ќе му помогнат на вашето тело да се избори со болеста, без несакани ефекти.

Рецепт 1

Сварете 250 мл млеко, па оставете го да се излади на собна температура. Кога ќе биде млако додајте една лажица путер и една лажица мед. Измешајте ги сите состојки, а потоа додајте изматена жолчка од јајце и четвртина лажица сода бикарбона.

Пијте го овој лек пред спиење најмалку 5 дена за да постигнете подобри резултати. Овој лек е одличен за лекување на кашлица, бронхитис, болки во грлото и трахеит, а може да го користат и деца.

Рецепт 2

Измешајте 2 лажици маслиново масло, 2 лажици вода, 1 лажица мед и 2 лажици сок од лимон. Ставете во тенџере и загревајте на умерена температура. Пијте преку ден, половина напиток наутро, половина навечер.

Започнете да го зајакнувате организмот навреме и при први симпроми земете некој од природните напитоци, пред да се влошат симптомите на вирусот, па никогаш ќе немате проблеми со бронхитис и кашлица.

ПРОЧИТАЈТЕ – Искуство: После 7 дена се повлече бронхопневмонијата со овој лек, а белите дробови ми се кристално чисти – ОВДЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ – Не знаеме што е доктор: Штом започнат настинките, сите пиеме од овој лек и веднаш поминува – ОВДЕ.