Home Рецепти БРЗИ ЛИСНАТИ КИФЛИЧКИ: Ги правев вчера и тоа во двојна количина и...

БРЗИ ЛИСНАТИ КИФЛИЧКИ: Ги правев вчера и тоа во двојна количина и сите до едно се изедоа

Рецептот е толку краток и едноставен, а кифличките се предобри, не пропуштајте и запишете си го. Сите што го испробаа рекоа дека следниот пат ќе приготват двојна мера, зашто многу брзо се изедуваат.

Можеби не се класичните класичните лиснати кифли и не се двојат на „сто листови“, но според вкусот се многу слични. Еве што ви е потребно според рецептот на Линда:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно, 250 г маргарин, 1 јајце, 1 кесичка прашок за печиво, 180 г кисела павлака, за фил џем, крем или што сакате…

ПОСТАПКА: Во поголем сад просејте го брашното и помешајте го со прашокот за печиво, а во средината сипете го јајцето, киселата павлака и омекнатиот маргарин, па замесете убаво мазно тесто.

Ставете го во кеса и оставете го фрижидер малку да се стегне, приближно половина час. Потоа развлечете го во кора (може да го поделите на два дела за поситни кифлички или како сакате).

<

Сечете триаголници или правоаголници, филувајте ги со што сакате и виткајте ги кифлите.

Редете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете ги во рерна загреана на 180 степени. Печете ги 15-тина минути. Кога ќе се оладат валајте ги во шеќер во прав.