Болка во мускулите од нозете, рацете, грбот, како и болка во зглобовите е нешто што секој од нас го искусил во животот.

Со овој мевлем можете да ја смирите болката во нозете и за само неколку минути да забележите олеснување. Може да го приготвите дома, а состојките кои се потребни за негово приготвување можете да ги купите од аптека.

Главната состојка на овој мевлем е магнезиумот, што е разбирливо, доколку се земе во предвид дека болката во мускулите или зглобовите обично е предизвикана од недостиг на овој минерал.

Коскеното ткиво главно е изградено од колаген кој се врзува за калциумот за да ја формираат структурата на коските. Доколку постои недостиг од магнезиум, тогаш доаѓа до нестабилност на калциумот, предизвикувајќи грчеви, обично во нозете.

Многумина користат чисто магнезиумово масло за да го решат овој проблем, што е доста ефикасно, но, кај некои луѓе, по подолга употреба се јавува иритација на кожата.

Екстрактот од листови на арника има антиинфламаторни својства и придонесува за олеснување на болките предизвикани од воспаленија во мускулите и зглобовите. Арниката го блокира дејството на хистаминот, и на тој начин го спречува воспалението.

Потребни состојки: 2 лажици арника (од Билна аптека), 2 лажици коприва (од Билна аптека), 170 мл масло, 15 г пчелин восок (од пазар, пчелар), 45 г шеа путер (од продавница за здрава храна), 45 мл магнезиумово масло (магнезиум хлорид, од аптека) и 3 лажици гел од алое вера (аптека, продавница)

Постапка: Во 170 мл масло ставете по две лажици лист од арника и лист од коприва, на парна бања гответе околу 2-3 часови (Садот со маслото и билките ставете го врз друг сад во кој врие вода).

Потоа процедете го маслото и повторно вратете го на парна бања. Додадете го пчелниот восок и мешајте додека целосно да се растопи. Потоа додадете го шеа путерот, па промешајте и тој да се растопи.

Тргнете го садот и оставете го на страна да излади. За тоа време во посебен сад измешајте го магнезиумовото масло и ало вера гелот. На многу тивка парна бања, не повисока од 37 степени, промешајте ги овие состојки додека убаво да се соединат. Не смее да биде повисока температурата, зошто ќе ги изгубат лековитите својства.

Топлата смеса полека додавајте ја во претходната смеса со пчелин восок и постојано матете со миксер, околу 5 минути, додека да почне да се изладува и да се згуснува. Смесата складирајте ја во соодветен стаклен или пластичен сад, кој ќе го чувајте во фрижидер. По потреба се мачкаат болните места и се фиксираат со проѕирна фолија.