Ние не сме уморни од животот, уморни сме од разочарувањта, повредите и предавствата на другите, уморни сме од нечовечкото однесување.

Уморни сме од самосожалувањето во кое се гледаме само како жртви на околностите и другите луѓе без никаква можност самите да смениме нешто.

Уморни сме од постојаните стравови дека ќе паднеме, ќе изгубиме, ќе бидеме изманипулирани, напуштени и на крајот гледаме дека сме само заглавени во некој ќорсокак без можност да видиме подобро утре.

Не сме уморни од животот, уморни сме да се враќаме назад, постојано да гледаме во минатото, да бараме златни времиња во него и да се сеќаваме на подобрите денови кои никогаш повеќе нема да се повторат.

Уморни сме од чувството дека секогаш ни недостасува нешто за да бидеме комплетни, среќни и силни. Уморни сме од зборовите што ги кажавме и сфативме дека не ни донесоа ништо добро, уморни сме да очекуваме дека животот ќе биде подобар утре и се продолжува на ист начин.

Не сме уморни од животот, уморни сме да им докажуваме на другите дека сме во право, да ги докажуваме нашите идеи, соништа, религиозни убедувања.

Уморни сме од чувството на инфериорност, грижи, страв, постојано повторување на истите грешки без да научиме ништо од нив.

Не ни е доста од животот, ние сме желни за живот, желни сме за тие убави чувства, желни сме за внимание, нежност, убави зборови, желни некој да каже дека нè сака и да ни возврати на љубовта.

Но, премногу живеевме во сенка, во онаа темна страна, па помисливме дека тоа е само живот и дека нема други можности.

Сакаме да се потпреме на нечие рамо, да слушаме нечиј глас и да слушнеме нечие срце, тоа е единственото нешто за кое вреди да се живее. Сакаме, не ни е доста од тоа! Текст на Марио Зувела. Пораката што го потресе РЕГИОНОТ ~ Итен АПЕЛ да се РАЗБУДИТЕ!, прочитајте ОВДЕ.