Home Билкарство Не корнете го овој плевел – лекува срце, масти, шеќер и разни...

Не корнете го овој плевел – лекува срце, масти, шеќер и разни болести

Туштот (толчница) расте како коров, налегнат над земјата со спуштени листови и стебленце со црвенкаста боја. Иако многумина не знаат, токму овој коров има исклучителна лековита моќ.

Туштот го јакне срцето и ја чисти крвта, го регулира нискиот крвен притисок.

За себе го врсува холестеролот и го поттикнува неговото исфрлање. Го намалува шеќерот и помага кај шеќерни болести.

ЛЕКОВИТ ЧАЈ

1 полна супена лажица свежо исечкан тушт прелијте го со 300 мл ладна вода. Ставете на оган кратко да проврие, па тргнете го и оставете го поклопено да отстои два часа.

Процедете го и пијте го трипати дневно по 100 мл чај, пред јадење, во текот на една седмица. Се прави пауза од 15 дена, а потоа повторете според потребите.

Туштот (Portulaca oleracea) е богат со омега-3 масни киселини, соединенија кои главно се наоѓаат во рибините масла. Омега-3 киселините го јакнат имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем.

Туштот има и противвоспалителни својства, ја подобрува циркулацијата и спречува создавање на тромбови.

Богат е со антиоксиданти кои штитат од рак и од штетното дејство на слободните радикали, а го успорува и стареењето. Туштот може да помогне во регулирање на нивото на холестерол во крвта.

Бидејќи ја релаксира мазната мускулатура, делува и врз намалување на крвниот притисок. Слузта од оваа билка ги смирува инфекциите и воспаленијата во цревата, како и инфекциите во уринарниот тракт.

Се препорачува против ждригавица, гастритис, но и кај опстипација.

Екстракт од суви листови и стебленца делува противвоспалително и како средство против болки. Однадвор може да се користи за лекување на грчеви во мускули.

Во исхраната се користат млади сочни листови и млади гранчиња со должина од три до пет центиметри.

Набраните гранчиња треба да се одвојат од тврдите стебленца и ливчињата да се додаваат во салати, супи, варива или во тесто за палачинки.

Се вари најдолго до 15 минути и притоа ослободува слуз која малку ги згуснува супите и им дава кремаст изглед.

Погоден е за киселење. Ова е рецепт на Марина Лучан за подготвување на зимница од тушт:

„Од туштот се отстрануваат дебелите стебленца, се мие и се остава добро да се исцеди. Потоа се реди во тегли, се притиска што повеќе да собере, па му се додава копар и црн пипер во зрно.

Се зоврива вода, оцет и сол (количини ставете кој како сака, според вкус), па со врелата течност дополнувајте ги тегличките. Добро затворајте ги и пастеризирајте ги во рерна околу 30 минути.

Туштот не би требало да се консумира во големи количини, бидејќи содржи оксална киселина која ги оптеретува бубрезите.

Оваа билка расте обилно како плевел во градините и како самоника билка покрај реки, потоци, канали и покрај шуми. Сака сончево тло и песоклива, добро дренирана почва.

Отпорен е на високи и ниски температури, на суша, а успева и на многу лоша земја. Многу брзо расте и веќе после три до четири седмици може да се бере. Колку повеќе го берете, толку повеќе се згуснува и расте.

За да приготвите чај за одржување на здравјето, една лажичка тушт ставете во шолја зовриена вода. Покријте и оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете.

Ако го пиете за болести на белите дробови, тогаш засладете го со мед, а во други случаи се пие незасладен.