Кај нас кога некој си легнува на попладневна дремка, во најголем дел велат дека тој е мрзлив, бескорисен, вака, онака, сето тоа негативно се критикува. И тоа е сосем погрешно, вели доктор Емир Солаковиќ за Хајат.

д-р Солаковиќ

Тој го наведе примерот со Јапонците кои први започнале со воведување на теретани во склоп на компанијата, сè со цел да им обезбедат на нивните работници можност да се занимаваат со физичка активност.

Но, виделе дека идејата не била успешна и немало многу заинтересирани, па направиле простирки, на кои секој можел да дремне на пауза или кога ќе се умори од работа. „Моцарт спиел само пет минути, тоа му било доволно“, се присети доктор Солаковиќ.

Тој објасни дека мозокот треба да се замисли како акумулатор, па кога оваа супстанција се губи, доаѓа до неефикасност во работата поради замор. Во одреден момент, секој чувствува дека му паднала концентрацијата.

„Но, вие не сте проблемот, туку ви се потрошила супстанцијата“, објаснува тој. Како што додава, кога ќе настапи замор, кај нас постои навика да се пие кафе, односно будноста се подига со кофеин, што е погрешно, бидејќи само сонот ја подига и ја полни таа супстанција.

д-р Емир Солаковиќ

„Кога ќе се наспиете, тогаш сте подготвени да работите со полн гас“, рече тој. Тој имаше уште еден совет за сите кои тренираат. „Не одете во теретана непосредно или неколку часа пред спиење, особено никако после девет часот“, нагласи тој.

Ова е најважниот витамин за ЦВРСТ СОН кој може да ја излечи несоницата – совети од д-р Марио – прочитајте ОВДЕ. Д-р Несторовиќ советува што да се пие против нервоза, стрес и несоница, прочитајте ОВДЕ.