Во текот на 30 години истражување научниците заклучиле дека лимбофобичната леукемија, болест која доста често ги напаѓа децата, дека можеби може да се спречи доколку родителите престанат да ги повторуваат овие грешки.

Тие заклучиле дека преголемата чистота и стерилното опкружување на детето додека тоа расте, може да го зголеми ризикот да ја добијат оваа болест.

Едно од 20 деца имаат генетска предиспозиција да ја добие оваа болест, особено ако детето во раните години не го развие имунитетот на правилен начин.

Според научниците, децата во рана возраст мора да бидат изложени на некои микроби, бидејќи без тоа нивниот имунитет нема да се развие како што треба и тие деца доста често ќе заболуваат. Дури, постои ризик од добивање на леукемија.

Грешката е во родителите кои сакајќи го најдоброто за своето дете, се обидуваат целата околина да ја одржуваат во беспрекорна чистота, без да се свесни дека во тие години децата треба да бидат во контакт со одредени бактерии.

На тој начин, нивниот организам се учи како да се избори со нив, а со тоа и да го зајакне имунитетот. Важно е децата што почесто да бидат во контакт со други деца, што повеќе да играат во природа, да имаат чест контакт со животни.

За оние кои не се запознати, најчести симптоми на леукемија се:

1.Бледа кожа – леукемијата предизвикува анемија, која пак влијае врз бојата на кожата.

2.Замор – како и кај другите болести, уморот е честа нус појава кај леукемијата, а доколку често се чувствувате уморно, без енергија, посетете го својот лекар.

3.Инфекции и температура – при оваа состојба организмот е склон на инфекции и грозници.

4.Краток здив – при обични физички акивности се губи здивот и силата.

5.Појава на модринки и споро зараснување на раните.

6.Други симптоми: ноќно потење, отоци на лимфните јазли, болни зглобови, губиток на тежина, чести падови и скокови на телесната температура.