Фото и рецепт: Драган Страшеноски

Потребни состојки:

За една кора:

4 јајца,
4 лажици шеќер,
4 лажици брашно,
1 лажиче прашок за печиво
(ова е за една кора, а нам ни се потребни 3)

За крем:

1,2 литри млеко,
300 мл вода,
200 г нишесте,
6 жолчки од јајца,
250 г путер,
200 г шеќер во прав,
140 г сладолед во прав од ванила (2 ќесички)
100 г црна чоколада,
100 г бела чоколада,
10 мл рум

За сникерс паста:

300 г шеќер,
100 мл слатка павлака,
2 мали лажички путер од кикиритки.

Постапка:

Се кршат четири јајца, а две жолчки тргаме на страна. Бидејќи се потребни три кори, треба да издвоиме вкуспно 6 жолчки кои подоцна ќе ги употребиме за кремот.

Јајцата за кора се матат со миксер заедно со шеќерот додека да се добие светла смеса. Потоа се додава брашното и малку прашок за печиво.

Добиената смеса ја излеваме во во калап бр.24, и ја ставаме да се пече 8 минути во загреана рерна на 200 степени. Оваа постапка ја повторуваме трипати.

За фил:

Во тенџере на оган ставаме 1,2 литри млеко да се вари. настрана, во друг сад мешаме 300 мл вода, 6 жолчки што ни останаа од корите, нишестето и добро мешаме.

Во зовриеното млеко ја додаваме смесата од нишесте и жолчки. Ги матиме путерот со шеќерот во прав и сладоледот во прав.

Откако добро ќе се измати, го додаваме изладениот крем нишесте. Соединуваме со миксер.

Кремот го делиме на 2 дела. Едниот дел го соединуваме со бела чоколада, а другиот со црна чоколада и рум.

Шеќерот за сникерс пастата го карамелизираме. Потоа ја додаваме слатката павлака и мешаме додека зоврие и се изедначи смесата. Го додаваме путерот од кикиритки и сникерс пастата ја тргаме од оган.

Редење: Врз првата кора ставаме наизменично лажиче по лажиче од двете креми. Со помош на декоратор нанесуваме во кружни движења од полуизладената сникерс паста.

(Смесата може да ја ставите во кеса за замрзнување на која еден агол малку ќе го потсечете).

Врз сето тоа ставаме кора. Постапката ја повторуваме уште еднаш. Готовата торта ја декорираме по желба.

Фото и рецепт: Драган Страшеноски