Народен лек против кашлица, бронхитис и ларингитис

Овој напиток може да ја излекува дури и најкомплицираната кашлица, која не успева да ја излекува современата медицина.

Ова е многу ефикасен народен лек не само за кашлица, туку со успешност може да излекува и бронхитис, ларингитис и трахеитис кај деца и возрасни.

Потребни состојки:

250 мл млеко
1 лажица путер или гускина маст
1 лажица путер
1 жолчка
¼ сода бикарбона

Постапка:

Сварете го млекото, а потоа оставете го малку да подизлади. Додадете лажица путер, а уште подобро ако имате гускина маст. Оваа маст со успешност ги лекува белодробните заболувања. Засладете со една лажица мед и промешајте.

Loading...

Потоа во млекото додадете изматена жолчка од јајце и четвртина лажиче сода бикарбона.

Напитокот се консумира пред спиење, најмалку 5 дена по ред.

ЧУДО МЕВЛЕМ

Освен путер или гускина маст, може да ставите од Чудо мевлемот: 1 чајна лажица за возрасни, за деца ½ чајна лажица. Чудо мевлемот се добива на следниот начин:

400 мл кантарионово масло
1 сварена и издробена жолчка од јајце
60 г пчелин восок

Маслото се загрева на оган, па во него се додава восокот да се растопи. Постепено се додава издробената жолчка од јајце и се меша. Кога ќе се смири пенењето на смесата и ќе се стави целата жолчка, садот се трга на страна и по 20 минути се процедува низ ситна газа. Се складира во сад, а во фрижидер се чува и до 10 месеци.

ОДЛИЧНО СРЕДСТВО ЗА ИСФРЛАЊЕ НА СЕКРЕТОТ

Измешајте ги следните состојки и испијте го во текот на денот – половина наутро, а половина навечер:

2 лажици маслиново масло
2 лажици сок од лимон
2 лажици вода
1 лажица мед

ЛЕКОВИТА МАСТ

Ако детето го мачи болно грло и кашла преку целата зима, обидете се со оваа домашна лековита маст за детска кашлица:

50 г прополис
50 мл сончогледово масло

Двете состојки ставете ги во емајлиран сад и загревајте на пареа. Кога ќе се растопи прополисот, процедете ја маста во соодветен сад.

Маста се мачка на градите, грбот и нозете на детето, двапати во денот. При силна кашлица, се дава ¼ лажичка да ја проголта или растворено во млеко.

Бидете здрави!

Loading...