Модерниот начин на живеење доведува до многу сериозно оптеретување на нашите очи. Минуваме многу време пред компјутерот, телефонот, таблетот… гледајќи директно и постојано во екранот, додека нашите очи се создадени за постојана промена на растојанието и перспективата.

Природата предвидела дека мора постојано да го менуваме фокусот на погледот од поблиску кон подалеку и обратно. Порано гледавме во далечина, гледавме во бескрајни шуми и полиња, а сега главно гледаме само во нашите смарт телефони.

Одејќи против природата, човекот се здобил со проблеми со видот, бидејќи човековото око не е прилагодено на такво тешко оптеретување – константно гледање во блиските екрани. Затоа, секоја година, се повеќе и повеќе луѓе се соочуваат со лош вид.

Подолу можете да го изгледате видеото за кое се смета дека е лековито, бидејќи има добар ефект во закрепнувањето на окото и зацврстувањето на неговата мускулатура. Засновано е на промена на перспективите, што е корисно и потребно за очите.

Исто така, видеото помага за отстранување на уморот и раздразливоста. При редовно гледање на видеото (барем еднаш дневно), се забележува значително подобрување на видот.

Сличен ефект се постигнува во природата, на пример, гледајќи ги градинките од дрвајата, по што треба веднаш погледнот да се насочи кон небото – за да се направи промена на перспективата. Нема подобра вежба за очите и телото и духот, од прошетка во природа.

Меѓутоа, доколку ја немате таа можност – можеби следните неколку видеа подолу, би можеле да ви помогнат.

Пријатно гледање: