За сите оние што ги одбегнуваат шампоните поради пречувствителност, алергија или други причини, хигиената на косата можат да ја одржуваат на природен начин. Постапката навистина е многу едноставна.

Во зависност од должината на косата, се меша сода бикарбона со вода во однос 1:3 (значи, на пример 1 лажица сода и 3 лажици вода).

За должина на коса до рамења, обично се доволни две до три лажици сода бикарбона.

Смесата се нанесува на сува или мокра коса од коренот кон краевите и се остава една до три минути. Потоа се плакне со вода.

После оваа постапка, се применува втор чекор и косата се мие со мешавина од јаболкова киселина (или друг оцет) и вода, во однос 1:4.

За да се намали мирисот на оцетот (кој за кратко време ионака испарува и не се чувствува, бидејќи брзо испарува), во смесата можете да додадете неколку капки етерично масло од лаванда, рузмарин или мента.

После плакнење со оваа смеса, на крај се пушта еден млаз ладна вода, бидејќи токму ладната вода ја прави косата сјајна и еластична, бидејќи помага да задржи влагата во влакната и косата да не се исуши и “расцвета”.

Покрај тоа, ладната вода ја измазнува косата и и’ дава беспрекорен сјај.