Многу е важно да се излекува опстипацијата, не само поради болките и подуениот стомак, туку и затоа што е неопходно редовно да се исфрлаат штетните материи од нашиот организам.

Затоа е важно да се испробуваат природни и нештетни препарати кои не создаваат „завиcност“ и не ги прават цревата мрзливи.

Овој џем го нарекуваат медицински или болнички џем, бидејќи покрај вообичаените лаксативи, обично им се дава на пациенти пред операција кои мораат да ги исчистат своите црева и да имаат празен стомак.

Причини за опстипација може да бидат премалку движење, стрес, лекови, некои витамини, недоволен внес на вода, а може да биде нуспојава на некои други болести.

Иако се чини дека опстипацијата е наивна и безопасна, тоа не е така, особено ако трае подолго време. Со секој следен ден без празнење, токсините преку ѕидот на цревото се враќаат назад во крвотокот со што дополнително се оптоварува организмот.

На тој начин доаѓа до концентрирање на некои токсични материи и појава на болести. Многу автори се посветиле на истражување на оваа тема под наслов „Смpтта нè демне од нашите црева”.

Опстипацијата се карактеризира со отежната, нецелосна или отсуство на дефекација или тврда и болна столица, а тоа често е причина за појава на хемороиди. Според статистиките секој десетти човек има ваков проблем.

Потребни состојки за 1 доза:

6 суви сливи
5 урми
4 суви смокви
3 суви кајсии
2 лажички мелени ореви
1 лажичка анасон

Постапка:

Зовријте 200 мл вода и прелијте една лажичка анасон. Оставете поклопено 15 минути, па процедете. Со добиениот чај прелијте го ситно исечканото или сомеленото суво овошје и оревите.

Оставете да преноќи поклопено, а следниот ден изедете ја целата содржина наместо појадок. За подобрување на вкусот може да додадете и малку лимонов сок.

Како многу ефикасен се покажал и џемот од сливи приготвен со ѕвездест анасон. Џемот пригответе го на вообичаен начин (без шеќер или некоја поздрава замена), со таа разлика што на почетокот ќе додадете и неколку ѕвездести анасони (на 3 кг сливи обично се ставаат 3-4 ѕвезди).

На крај кога џемот е готов, се вади анасонот. Освен што е уште повкусен, овој џем е исто така, и лековит.

Вака приготвениот џем од сливи, за лек се користи на следниот начин: 1 лажица од џемот се промешува во чаша млака вода со неколку зрнца хималајска сол и една супена лажица лимонов сок, и се пие на гладен стомак, наутро, веднаш по станување.