Ако имате јачменче, проблем со видот или сакате нешто да ви се претскаже, за оваа билка раскажува М.Најдовски

Денес за оваа интересна билка која се нарекува Видец или Видова трева ни раскажува билкарот Мартин Најдовски. Доколку имате конкретни прашања околу проготвувањата на лековите можете да му се обратите на неговата страница Лилма.

Пишува Мартин Најдовски: Видец (лат. Euphrasia officinalis)
Видец или уште позната како Видова трава е билка која расте на планинските ливади. Таа е паразитска билка која се храни од билките околу себе, бидејќи сама по себе не може да опстане. Обично расте до 50 цм (зависно од местото може и некогаш да се сретне и до 20 цм, сум ја берел и толку мала), а се карактеризира со бели цветови кои наликуваат на очи.

Во народната медицина има доста посветеност на оваа билка и речиси сите наши предци се потпирале на оваа билка кога станувало збор за проблем со очите. Самиот збор на билката “Видец” покажува што таа лекува. Видецот е најдобра билка која помага при сите очни болести како на пример: катаракта, глауком, јадеж на очите, пецкање и чешање, слаб вид, заматен вид, јачменче, инфекција итн..

Loading...

Покрај тоа што ги лекува очните болести, доста добра е и за респираторни заболувања особено за горен респираторен систем како што е ринитис, а доста добри резултати дава и кај алергиите, особено алергисти ринитис, кивање, бронхитис, грип и друго.

Видецот исто така, помага и кај катар на желудник, зголемена киселина, делува регенерирачки на црн дроб, кожни болести, синузит, го подобрува памтењето бидејќи го снабдува мозокот со крв, спречува дијареа, крвавења и слично.

Видецот кај сите очни болести се употребува како надворешно така и внатрешно, како облога на очите и како чај или тинктура внатрешно.
Исто така, оваа билка многу се употребувала како магиска билка и народот и дал многу магиски својства. Пред сè ја нарекувале билката на видовитоста, бидејќи се верувало дека ја зајакнува интуицијата и помага да ја видиш судбината.

За Видовден девојките ја береле оваа тревка и ја ставале под перница заедно со парче леб и малку сол, па пред да заспијат велеле:

“Ој ти видова траво,
Покажи ми вечер која е мојата љубов,
Нека дојде помене а јас со леб ќе го нахранам и лебот со сол ќе му го посолам,
Љубов моја, суден мој
Покажи ми се вечер, дојди ми на сон”

Се верувало дека таа вечер девојката ќе го сонува нејзиниот суден.

Рецепти:

1. Чај: 1 супена лажица се попарува со 250 мл зовриена вода, отстојува 20-30 мин поклопено потоа се процедува и се пие по две шолји на ден 30 мин пред јадење. Се пие 2 недели со 1 недела пауза.

2. Капки за очи: Се цеди сок од видец и се меша во еднакви делови со дестилирана вода 1:1 и потоа се капнува во очите по 2 капки, наутро и навечер.

3. Кај употрен ринитис, кијавица

20 г видец
20 г мајчина душица
20 г босилек

Сè се меша заедно па 2 супени лажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода, отстојува 20-30 мин поклопено, потоа се процедува и пие по 2 до 3 шолји на ден, половина час пред јадење.
Напомена: Видецот не го препорачувам за бремени, доилки и деца, како и луѓе со чир на желудник и дванаесетпалечно црево.

4. Облога за очите: се приготвува чај од видец како горе наведеното, а кога ќе излади се натопуваат памукчиња во чајот, се легнува, се става облога на очите и се лежи додека не се изветрее течноста односно додека не се исуши чајот. Од таа смеса одосно од 250 мл чај можат да се направат 3 такви облоги на ден.

Loading...