Сите понекогаш имаме проблем со несоница. Недостигот на квалитетн сон може да не успори и да не претвори во целосно неспособни за дневно функционирање. Несоницата го забрзува процесот на стареење, создава желба за висококалорична храна, ни прави ст-рес, нервоза, намалување на толеранцијата за поднесување б олка и сл.

Млекото отсекогаш било проверен напиток кој ги смирува мислите и телото. Постојат разни начини како да го приготвите со други состојки за да го претворите во напиток кој ќе ви овозможи добар сон, а може да се користат и растителни верзии на млеко.

Месечевото млеко е едно од тие природни помагала за мирна ноќ, а рецептот потекнува од старата ајурведска традиција. Она што е најдобро кај месечевото млеко е тоа што не мора строго да го следите рецептот. Одберете млеко по сопствен избор или она што вам најмногу ви одговара.

Меѓутоа, при изборот не заборавајте да го проверите процентот на магнезиум кој е застапен во млекото, па така на пример, во соиното има многу повеќе магнезиум отколку во кравјото, а знаеме дека овој минерал најмногу помага во полесно заспивање.

Во млекото додајте босилек, куркума и малку мед. Испијте една шолја од овој топол и ароматичен напиток кој ќе ве опушти, па побрзо ќе потонете во сон. Во ајурведата ова млеко е познато под името Сидха Дагдам. Сидха значи „совршен“, а „дагдам“ значи млеко.

Особено е ценет во ајурведската медицина затоа што го храни телото, ја смирува емоционалната вознемиреност и помага во балансирање на системите во организмот.

Покрај многуте придобивки за здравјето и убавината, ова млеко ја стимулира и виталната енергија – ојас. Според Ајурведата, ојасот дава сила, го зајакнува имунитетот и дигестивниот систем и буди чувство на среќа и задоволство.

За да се подготви ова млеко на здрав начин, важно е да не се пие ладно и неварено. Неопходно е да се доведе до точка на вриење, а потоа да се готви на тивок оган уште 5-10 минути заедно со лековитите билки кои вие сами ќе ги одберете според потребата.

Со вриење се постигнува промена на неговата структура, со што се олеснува дигестијата, особено за типот „кафа“, кој инаку има побавен дигестивен систем.

За кого е наменета Сидха Дагдам?

Поради своите лековити својства и хранливи материи, овој напиток особено се препорачува за луѓе чие тело е истоштено и слабо. Ја враќа имунолошката отпорност на телото и дигестивната сила, со што го штити од разни болести.

Исто така се препорачува за луѓе кои стра-даат од нарушувања од типот на „кафа“, а кои вклучуваат кашлица, зголемен секрет, воспаление на синусите или бронхијални инфекции.

Ајурведата советува да го пиете млекото навечер поради неговите смирувачки и дигестивни својства, што поттикнува мирен и длабок сон, како и здраво утринско празнење на цревата.

5 рецепти за подготовка на лековито млеко

I Халди – млеко Сидха со куркума

Куркумата со своите моќни состојки го зајакнува имунитетот, го подобрува здравјето на срцето и го намалува ризикот од настинка, грип и други инфекции.

Млекото од куркума му помага на телото да се одбрани од непријатните вируси, па затоа е одлично за ублажување на акутни „кафа-пита“ нарушувања кои се поврзани со грлото и белите дробови, како што се тонзилитис, фарингитис, ларингит и засипнатост.

II Адрака – млеко Сидха со ѓумбир

Ѓумбирот во Ајурведата се нарекува „универзален лек“ , а терапевтската употреба на ѓумбирот е опишана во древните ајурведски текстови како лек за разни болести како што се артритис, болести на дигестивниот, респираторниот и кардиоваскуларниот систем.

Млекото со ѓумбир ги ублажува „кафа-вата“ нарушувањата во респираторниот систем, како што се сува кашлица и емфизем, и помага во намалување и ублажување на б олката во мускулите, зглобовите и коските.

III Каали Мирч – млеко Сидха со црн пипер

Овој напиток е добар за исфрлање на „аме“ (ток-сини) од црниот дроб и жолчното кесе. Го намалува застојот и стагнацијата во лимфниот систем предизвикани од „кафа“ нарушување.

Млекото со црн пипер ја зголемува работата на метаболизмот, спречува акумулација на маснотии во организмот и ја зголемува концентрацијата на добар холестерол.

IV Пипали – млеко Сидха со „долг пипер“

Пипали (пипер лонгум) е еден од најдобрите ајурведски зачини затоа што неговата моќ лежи во неговата способност за подмладување на белите дробови и респираторниот систем.

Го подобрува метаболизмот, промовира здрава циркулација, ја зајакнува функцијата на репродук-тивните ор-гани и го поддржува здравјето на црниот дроб. Млекото Пипали има ефект на затоплување што ја ублажува хроничната конгестија на бронхиите, алергиите на дишните патишта и проблемите со астмата.

V Тулси – Сидха млеко со свет босилек

Во Ајурведата, светиот босилек (тулси) се нарекува „елик-сир на животот“. Познато е дека светиот босилек го поддржува здравјето на имунолошкиот систем и ги релаксира умот и телото. Тулси млекото е одлично за респираторниот систем затоа што лечи кашлица, б олки во грлото и настинка и ги отстранува сите бло-кади на дишните патишта.

Ја олеснува главоболката, ја намалува вознеми-реноста и деп-ресијата и поттикнува подобар сон. Редовното пиење на ова млеко го намалува кр-вниот притисок и холестеролот, намалувајќи го ризикот од мозочен у дар и срцев у дар.

Како да се подготви месечевото млеко (Сидха Дагдам)

За да подготвите млеко Сидха, изберете лековити билки и зачини во зависност од состојбата што сакате да ја лекувате. Подготовката е брза и лесна.

Потребни состојки: 1/2 – 1 лажичка билки / зачини, 1 чаша млеко и 1/4 чаша вода

Постапка: во мало тенџере измешајте ги билките, водата и млекото и загревајте додека смесата да зоврие. Намалете ја температурата на потивко и оставете да се зготви. Кога количината ќе се намали на една чаша, напитокот е подготвен.

Пијте го топол, редовно пред спиење, најмалку 14 дена за целосно да го почувствувате лековито дејство. На крајот од подготовката, млекото можете да го засладите со мед или друг природен засладувач по ваш избор.