Денес православната црква и верниците го одбележуваат вториот ден на христијанската жалост, Велика сабота. Тоа е денот коха Христос го поминал во Хад, па верниците го обележуваат во молитва и тишина. По завршување на литургијата, се јаде леб и вода (сува храна).

На последниот ден од Стра-далната недела, христијанските верници го бакнуваат покровот на Христовиот г-роб, кој свечено се изнесува пред православните олтари на Велики петок, а вечерта, пред славењето на Велигден, со посебен ритуал на процесија околу црквата, се внесува во олтарот.

Почетокот на Велигденското славење се најавува со ѕвоната на православните цркви, кои првпат ѕвонат по деновите на жалост, кога наместо литургии, се служат царски часови, а богослужбите се најавуваат со дрвени клепала.

Денот пред Велигден се нарекува и стра-шна сабота, на-порна сабота или долга сабота. Сите овие имиња потсетуваат на долгите Христовите стра-дања на рас-петието и ги упатуваат луѓето дека треба да направат некое добро или милостиво дело.

Во некои краишта се нарекува и Црвена сабота, затоа што тогаш велигденските јајца се вапсаат – најчесто со црвена боја. Се вели дека сите јајца станале црвени во моментот кога Исус вос-креснал од гро-бот, и затоа треба да се фарбаат во црвена боја.

Велика сабота во Ерусалим се поврзува со црквата Гро-бот Исусов, каде што верниците секоја година присуствуваат на чу-десното појавување на „благодатниот оган“.

Во храмот на Светиот г-роб во Светата земја, со векови Ерусалимскиот патријарх изнесува изгаснато кандило кое само се пали, а потоа тој оган се пренесува на свеќите на собраните верници, и тие понатаму продолжуваат да го пренесуваат кон своите ближни и своите храмови.

Во Радовиш, како што запишала Зорка Делиниколова на Велика сабота имало голем пазар. Селаните од сите околни села доаѓале на пазарот во градот носејќи со себе многу стока за празникот.

За Велигден секој (дури и најсиромашните) купувале јагне или повеќе месо за да приготвуват разни јадења. Работата околу приготвувањето на велиденските јадења ја извршувале жените, кои понекогаш од многу работа не можеле да си легнат дури до полноќ.

Околу полноќ, пред 12 часот, домаќинката ги будела сите домашни за да одат во црква. На сите однапред им давала по едно јајце, свеќа, по едно зелено гранче или цвеќенце. Секој брзал да дојде прв во црквата за да ја запали понапред од другите својата свеќа од попот, а потоа таа свеќа ја носеле дома и од неа си го запалувале оганот.

Откога сите ќе ги запалеле свеќите го чекале попот и заедно со него пеејќи ја песната „Христос воскресе“ излегувале на западната врата од црквата и вртеле трипати околу неа. Потоа постарите останувале во црквата за големата литургија и на крајот се причестувале. Помераклиите се кр-шеле со јајцата и уште веднаш се омрсувале со нив.

Велика сабота е ден пред Велигден, кога се брза да се завршат работите неопходни за одбележување на големиот празник. Куќата е подготвена и исчистена, облеката е подготвена, јајцата се насликани, обично во четврток наутро, пред изгрејсонце.

Според обичајот, жените треба да обратат посебно внимание на своите активности, а особено да избегнуваат каква било физичка или рачна работа. Мажите, исто така, не треба да работат напорна и тешка работа на Велика сабота.

Во некои краишта се меси велигденска погача украсена со босилек. Во куќите во кои имало с-мрт-ен случај, јајцата се фарбаат во темно црвено и се „намастауваат“ во саѓи. Јајцата ги вапсаат исклучиво жените.