Слабеењето не е никогаш едноставен процес и врз истиот влијаат голем број лоши навики, па дури и најситната промена може да ни помогне во побрзо топење на масните наслаги. За да го исчистите вашето тело од нездравата храна која претходно сте ја внеле, пијте еден од овие напитоци секоја вечер пред спиење:

Чај од камилица. Чајот од камилица го чисти црниот дроб додека спиете, го смирува нервниот систем, го подобрува квалитетот на сонот и го ублажува стресот. Прочитајте: Камилицата е одличен лек за телото и душата (РЕЦЕПТИ) – ОВДЕ.

Топла вода со лимон. Лимонот има диуретични својства и помага во детоксикација на црниот дроб. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лимон и 200 мл вода. Подготовка: Загрејте ја водата (не треба да врие, туку да биде млака), потоа додајте го свежо исцедениот сок од лимон. Пијте половина час пред спиење.

Овесна вода. Овесната каша е богата со влакна, витамини и минерали, кои се одлични за подобрување на варењето, како и за подобра функција на црниот дроб и цревата. Но, малкумина знаат дека и овесната вода е многу корисна.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша овесна каша (без глутен) или овесни снегулки; 6 чаши филтрирана вода.

Подготовка: Потопете ја овесната каша (или овесните снегулки) во вода и оставете да отстои седум часа, па процедете ја. Додајте малку цимет во течноста и чувајте во фрижидер. Испијте две чаши навечер, 30 минути пред вечера и 30 минути пред спиење.

Чај од ѓумбир со лимон. Луѓето со висок крвен притисок не треба да го пијат овој напиток!

Овој моќен напиток го детоксицира телото и помага при слабеење. Ѓумбирот и лимонот се богати со витамини и антиоксиданси кои спречуваат болести и го стимулираат метаболизмот. Тие исто така имаат антиинфламаторни својства и ги отстрануваат токсините од телото.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 парче свеж ѓумбир (приближно 5 см); 1 лимон и 250 мл вода. Подготовка: Зовријте вода, додајте рендан ѓумбир и оставете поклопено врз исклучена рингла приближно 10 до 15 минути. Потоа додајте и сок од лимон, па промешајте. Пијте најмалку 3 пати неделно во текот на 30 дена.

Најдобро е да спиете осум часови, зашто со секое скратување на вашиот сон, вие не само што го кратите овој процес, туку дополните придонесувате за таложење на нови слоеви масти.

Телото во текот на сон од 8 часови ги закрепнува и развива мускулите, но ништо не прави со мастите. За да се активира овој процес за топење на мастите и да се забрза метаболизмот, потребно е телото да продолжи да ги согорува калориите и додека спиете.