Напиток од само две состојки кој треба да стане задолжителен за сите пушачи – ја исфрла слузта

Иако им се препорачува на сите пушачи, овој напиток е добар за сите кои имаат проблем со воспалено грло и кашлица.

Ѓумбирот како главен чувар на здравјето, си најдо одличен сојузник – црниот пипер во зрно (биберот).

Оваа комбинација е природен лек за сите кои имаат вишок слуз во белите дробови и општо во дишните патишта. Оваа густа слузава материја понекогаш може да предизвикува навистина непријатна и иритантна кашлица.

Витамините и силниот вкус на овој напиток ќе овозможат за само неколку денови да се ослободите од слузта и да дишете мирно и лесно.

Потребни состојки:

600 мл вода

2-3 лажици рендан или сечкан ѓумбир

1 лажичка црн пипер во зрно

Постапка:

Состојките ставете ги во зовриена вода, поклопете и оставете на умерено да се вари 10-тина минути. Потоа тргнете од оган и оставете малку да подизлади.

Процедете и засладете со малку мед по вкус. За побрзо дејство пијте по 3-4 шолји од напитокот дневно.

Претходна статијаКаранфилчето ја уништува кандидата, има антибактериско и антивоспалително својство
Следна статијаСупер брза СТРАЧАТЕЛА ТОРТА без печење