Каранфилчето ја уништува кандидата, има антибактериско и антивоспалително својство

Вашиот омилен зачин е идеален за детоксикација, бидејќи ефикасно го чисти организмот од вируси, габички и бактерии.

Маслото од каранфилче се користи во антипаразитното чистење на дигестивниот тракт, бидејќи ги уништува сите микроскопски видови на паразити, ефикасен против кандида и други габички, бактерии, стрептококи.

Каранфилчето е специфичен зачински вид на дрво кое расте во тропските краишта на Азија. Станува збор за зимзелено дрво кое е високо 12 метри, а со сушење на неговите цветови настанува ароматичен зачин.

Маслото од каранфилче се користи во антипаразитното чистење на дигестивниот тракт, бидејќи ги уништува сите микроскопски видови на паразити, ефикасен против кандида и други габички, бактерии, стрептококи.

Делува како антихистаминик, помага во растворање на крвни згрутчувања, го намалува високиот крвен притисок и холестерол во крвта. Ја ублажува болката, особено забоболката, го регулира шеќерот во крвта, ја ублажува мачнината и ја подобрува работата на црниот дроб.

Има примена во прехрамбената индустрија бидејќи ја чува храната од гниење и расипување. При готвење важно е да не го разварувате на висока температура.

Исто така, има голема примена во лековити и козметички препарати за надворешна употреба, како етерично масло, состојка во кремите или масло.

Во стоматологијата има примена благодарение на антисептичките и аналгетските ефекти, исто така, за надворешна употреба. Во поедини земји стоматолозите го употребувале неговото масло за дезинфекција на заботе пред операција.

Станува збор за супербилка богата со антиоксидативни и противвоспалителни својства. Експертите нагласуваат дека поради силната арома, не треба да се претерува со консумација.

Покрај другото, има благо стимулаторно дејство. Најмногу се користи во облик на масло, а помалку како зачин, иако може значително да го подобри вкусот на храната. Ако сирењето го зачините со каранфилче, ќе добиете сосем нов вкус. А може да го додавате и во сладолед. Како зачин одлично си одговара со месо или со риба.

Претходна статијаАко на телото му недостигаат овие два минерала, никогаш нема да ослабете
Следна статијаНапиток од само две состојки кој треба да стане задолжителен за сите пушачи – ја исфрла слузта