НАЈУБАВИТЕ ПЕЧЕНИ МИНИ КРОФНИ: Меки и миризливи, со 1 јаболко и малку јогурт – БРЗИ И БЕЗ МЕСЕЊЕ…Мини крофните од јаболка се одлични за вечера, но и кога имате гости.

Крофните се прават уште од античко време, а овој вкусен деликатес има и своја мини верзија.Се прави многу полесно од оригиналниот рецепт, бидејќи тестото не се меси и не се чека да нарасне.

Вкусот дополнително го подобрува јогуртот со вкус на јаболко и лимон. А, исто така е одлично што наместо да се пржат на многу масло, се печат 20 минути во рерна….Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јаболко
1 рака суво грозје/брусница..
350 г брашно
125 г цврст јогурт (може со вкус на лимон)/ кисела павлака
2 јајца
3 лажици шеќер
2 лажици масло
10 г прашок за печиво (1 кесичка)

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад со жица изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте ги маслото и јогуртот.

2.Добро измешајте, па додајте го излупеното и ситно исечкано јаболко. По желба додајте суво овошје или сечкани јатки.

3.Повторно измешајте, па додајте го просеаното брашно со прашокот за пециво. Треба да добиете компактно меко тесто.

4.Земете мала количина од смесата до лажица и обликувајте топчиња.

5.По желба можете да ги пржите во масло на умерена температура или да ги печете во рерна.

Ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Се печат во загреана рерна на 180°C околу 15-20 минути. По желба валајте ги во ситна шеќер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.