Најпознатиот балкански билкар: Во природата има лек и за она што си мислите дека е неизлечиво

Раде Марушица, фитотерапевт од Мостар е еден од најпознатите билкари и фитотерапевти во поранешна Југославија. Десетици илјади луѓе од целиот свет поминале низ неговата канцеларија, а малкумина се вратиле незадоволни од ефикасноста на неговите препарати и терапија.

Тој целиот свој живот го посветил на растенијата и третманот на луѓето на природен начин. Тој е во деветтата деценија од животот и сè уште е многу активен, а неговата канцеларија сè уште ја посетуваат луѓе од цела поранешна држава. Поточно, доаѓаат од целиот свет.

„Од Австралија, Америка, Канада, нашите луѓе што заминаа во странство сè уште доаѓаат кај мене. Десетото издание на книгата „Лековити билки до здравје“, e многу опширна книга.

Во последното издание се додадени нови модернизирани рецепти кои ги додадов на веќе постоечките или ги зајакнав. Мојот интерес за лековитите билки започна уште кога бев многу мал“ – сите негови книги се базирани за одржување на здрав и долговечен живот.

„Сè е во културата на живеењето и во човечкиот мозок. Мене на овој пат ме поведе мојата мајка. Таа се омажила на 17 години за татко ми. Мајка ми имала тежок живот.

На почетокот не можела да забре-мени, а кога го родила првото дете, не прежи-веало. Со татко ми отишле кај познатиот доктор Садик Садиковиќ кој и‘ помогнал. Во вреќичка и‘ дал билни чаеви кои требало да ги пие во период од 1 месец, а потоа и‘ рекол дека сè ќе биде во ред.

Потоа ме родила мене и уште 6 браќа и сестри, и доживеа 97 години. Честопати зборуваше како докторот и‘ го спасил животот со помош на лековитите билки. Во основно училиште бев одличен во биологија и мојот професор ме поттикна да бидам најдобар. Во тој период се одлучив дека ова е мојот интерес.”

„Oсновата е во културата на јадење и исхраната. Луѓето најчесто грешат, треба да се знае кога да се престане со јадење. Не е добро да се јаде кога било. За вечера треба најмалку да се јаде, а за ручек најмногу.

Треба физички да се работи, да се вежба, постојано движење. Се противам на сувата храна, а сметам дека готвената домашна храна е здрава храна. Не смее во организмот да се внесе нешто што е поладно од 26 степени, ни во лето, ни во зима. Бидејќи тоа е шо к за организмот, за кр-вните садови и за лимфата. Не смее да се оди бос по бетон, ни во тоалет на плочки. Секогаш имам обуено чорапи и здрав сум како челик.

Првите посети на луѓето кои ги лекував ги примав во гаража. Потоа народот ме запозна и ми беше полесно. Најмногу доаѓаа бор-ци од вој-ната, им препишував лекови, начин на подготовка..”

Примарната работа на билкарот е метеоролог. Тој наведува дека климата делува на здравјето на луѓето. Тоа е составен дел на животот, луѓето се прилагодуваат на местото според кое живеат – се прилагодуваат кон природата.

„Важно е во лето да се пие чај бидејќи во овој период напорно работат лимфните жлезди, луѓето се потат и се губат многу течности. Организмот се чисти и мора да се пие многу вода и чаеви. Колку повеќе се пие вода, толку кр-вта ќе биде почиста.

Но, важно е да знаете каква вода треба да пиете. Никако газирана/минерална. Треба да пиете превриена вода, оладена, која е прочистена од разни материи. Конкретно, за камен во бубрег, за што имав напишано рецепт во мојата книга, многу е важно мислењето на урологот и нефрологот.

Ако организмот е склон кон создавање на бубрежни камења, не смее да се пие минерална вода, да се кон-сумира слатко, а најдобро решение е компот од јаболка (само течноста). Единствено нешто што повеќе би сакал е тоа лекарите да говорат што повеќе за исхраната при разни заболувања, иако фитотерапијата и медицината не се поврзуваат, тие се во симбиоза.

Во Ки-на научив двојно повеќе и стекнав поголемо искуство за лековитите билки. Научив за времетраењето на готвење на лековитите билки, што не смее да се применува во исхраната, културата на живеење и сè што може да се научи од нив.

Сите таблети, лекови, антибиотици можат да се пронајдат во природата, но треба да знаете како правилно да ги користите. Треба да се кон-сумираат и антибиотици по потреба, но добро е да се комбинираат со лековити билки.”

На прашањето колку па-циенти поминале низ неговата ординација, тој одговори дека никој не знае. Ми доаѓаа луѓе од целиот свет, а точен број, ни приближен не може да се утврди. Дневно во просек доаѓаа по 100 – 150 луѓе барајќи помош. Работев од 4:30 наутро до 9 часот навечер. Помагав и на многу познати личности, меѓу кои е и Тито.

Покрај тоа, безброј луѓе доаѓаа да ми заблагодарат. Во природата може да се најде лек и за најтешката болест. За секоја болест има по некоја билка. За тоа треба години учење и истражување, за да се знае која билка или комбинација од билки е најдобра.

Современиот начин на живот влијае многу негативно на луѓето. Се плашам дека мобилните телефони, интернетот и новата технологија ќе доведат до тој степен луѓето да не учат повеќе. Како што веќе тргнало, луѓето ќе заборават да пишуваат.

За седечкиот начин на живот, не сакам ни да зборувам. Од седење, човекот се деформира. Човекот е живо суштество, мора да живее со природата и мора редовно да се движи. И ден денес, кога ќе завршам со работа, шетам долго, разгледувам билки, дишам чист воздух..”

На прашањето секогаш што треба да имате при рака од лековити билки тој одговори, – „Питомо и диво нане, мајчина душица, оригано. Овие четири билки се сосем доволни. Оваа комбинација од чај треба да се пие секојдневно, не ште-ти и го одржува организмот здрав.“ / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Loading...
Претходна статијаНајпознатиот лаксативен џем: Рецепт за празнење кој брзо делува, дури и кај стари лица
Следна статијаЧај од ориз, јачмен и пченкарна свила – cпac за вишокот мacти и вашите главоболки