Чај од ориз, јачмен и пченкарна свила – cпac за вишокот мacти и вашите главоболки

Јачменот (Hordeum Vulgare) се смета за најстарата житарка во Европа која изобилува со витамини од Б комплексот, магнезиум, манган, селен, цинк, протеини и диететски влакна. Се користел уште од камено време, култивиран во древниот Египет, Месопотамија и делови од Европа.

Во Вавилон од јачменот правеле каша и пиво, а во стариот век пржениот јачмен бил многу важна животна намирница. Јачменот се користи за производство на леб, пиво, сточна храна и друго. Јачмен е житарица која е отпорна во ладните предели и без никаков проблем може да се одгледува на овие места.

Јачменот е одличен извор на диететски влакна и содржи растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна се делотворни во намалувањето на холестеролот во кр-вта и можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Научниците утврдиле дека еден тип растворливи влакна кои се наоѓаат во јачменот како бета-глуканот е примарна компонента на јачменот која е одговорна за намалување на холестеролот.

Една четвртина филџан неварено јачменово зрно содржи околу 2,5 грама бета глукан растворливи влакна. Половина филџан неварени јачменови житарици содржат околу 2 грама бета глукан растворливи влакна. Растворливите влакна се исто така корисни за намалување и апсорбирање на шеќерот и намалување на ризикот од развивање на дијабетес тип 2.

Кога се во прашање нерастворливите влакна во јачменот, тие помагаат во воспоставување на редовно празнење на цревата и можат да помогнат во намалувањето на ризикот од одреден облик на канцер, како што е ракот на дебелото црево.

Особено доколку кон-сумираме храна богата со растителни и диететски влакна може да се зголеми и продолжи чувството за ситост во наредните неколку часа, што е важно за одржување на оптимална телесна тежина и превенција од дебелеење.

Покрај сите билки, јачменот не содржи холестерол и има мал процент на масти. Половина чаша јечменови зрна содржат помалку и од ½ грам масти и само 100 калории. Јачменот содржи неколику витамини и минерали вклучувајќи го ниацинот (витамин Б3), тиамин (витамин Б1), селен, железо, магнезиум, цинк, фосфор и бакар.

Јачменот содржи антиоксиданти кои се исто така многу важни за одржување на доброто здравје. Антиоксидантите делуваат така што го намалуваат оксидативниот с трес и ги спречуваат слободните радикали, па така јачменот може да се користи и за нега на кожата, која ќе ја направи еластична и мазна.

Јачменот содржи фитохемикалии кои се природни хемикалии кои се наоѓаат во билките. Студиите покажале дека фитохемикалиите можат да го намалат ризикот од заболувања од одредени срцеви болести како дијабетес и рак.

Сите овие придобивки од јачменот може да ги искористити доколку ги пиете во комбинација со вода – јачменова вода. Овој напиток може да го пиете свежо подготвен или да го додавате во салати, чорби или варен зеленчук. Јачменовата вода има неколку придобивки:

Помага при инфекции на уринарниот тракт

Оваа лековита течност е одличен диуретик и помага во правилното функционирање на уринарниот тракт. Покрај тоа, јачменовата вода има позитивно влијание врз работата на бубрезите и има антиинфламаторно дејство.

Го намалува вишокот килограми

Јачменовата вода е одличен пијалак за луѓето кои сакаат да ocлабат. Содржи многу растителни влакна и ве одржува сити подолго време. Покрај тоа, овој пијалак го забрзува метаболизмот на мастите. За да го забрзате cла-беењето, пијте 3 чаши јачменова вода секој ден.

Го намалува холестеролот

Бидејќи содржи многу нерастворливи влакна, јачменовата вода го регулира нивото на „ЛДЛ“ лошиот холестерол во кр-вта и со тоа позитивно влијае на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Го чува срцето

Покрај регулирањето на нивото на холестерол, јачменовата вода го штити срцето со спречување на појава на артериосклероза.

Помага во правилно варење на храната

Бидејќи јачменот има алкална природа и изобилува со растителни влакна, јачменовата вода е одлична за одржување на здравјето на дигестивниот систем и помага при запек, хемороиди и гастритис. Овој пијалак се препорачува и во случаи на дијареа, со цел да се компензира изгубената течност и да се врати рамнотежата на електролитите.

Го контролира нивото на шеќер во кр-вта

Јачменовата вода се препорачува за луѓе кои стра-даат од дијабетес, бидејќи помага во стабилизирање на нивото на гликоза во кр-вта. Покрај тоа, јачменот го намалува ризикот од дебелеење и со тоа влијае превентивно на појавата на дијабетес тип 2.

Ја исхранува кожата и ја прави поеластична

Јачменовата вода помага да се исфрлат ток-сините од телото и на тој начин ја одржува кожата здрава и сјајна. Покрај тоа, јачменот содржи состојка наречена азелаична киселина, која е ефикасна против превенција и лекување на акните и го намалува воспалението.

Антиоксидансите во јачменот спречуваат слободните радикали да ги оште-тат клетките, а со тоа ја одложуваат појавата на предвремени знаци на стареење на кожата. Како маска можете да ја користите и јачменовата вода. Едноставно нанесете ја на лицето, оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете со обична вода.

Го зајакнува имунитетот

Јачменовата вода е вистинска имунолошка „бом-ба“ и содржи многу лековити состојки, како што се витамини од групата Б, железо, цинк, магнезиум, селен и многу други. Исто така, бета-глуканите во јачменот играат важна улога во зајакнувањето на имунитетот.

Забелешка: Бидејќи јачменот делува како диуретик, не пијте повеќе од 6 чаши јачменова вода на ден. Овој пијалак содржи глутен, затоа не се препорачува за луѓе кои имаат целијакија, односно се нетолерантни на овој протеин.

Еве како да направите јачменова вода брзо и едноставно:

Исплакнете го јачменот под млаз вода, а потоа натопете го во сад и оставете го да отстои во водата најмалку 4 часа. По изминатото време, процедете го јачменот и измешајте чаша јачмен со 3 – 4 чаши вода и префрлете ги состојките во тенџере.

Ставете го тенџерето на рингла и варете го додека да почне да врие водата, а потоа намалете ја температурата, поклопете го тенџерето и оставете водата да врие уште 45 минути до еден час, додека јачменовите зрна да омекнат.

Тргнете го тенџерето од рингла и оставете водата да се излади, а потоа процедете. Кон-сумирајте 1 – 2 чаши процедена јачменова вода на ден. Ако сакате да го подобрите вкусот, додајте малку лимонов сок или мед.

Чај од ориз, јачмен и пченкарна свила: Спас од летните горештини, вишокот масти и главоболки – рецепт

Постапка: Измијте го оризот со студена вода. Најдобро е да користите интегрален ориз, но ќе послужи каков и да имате. Исцедете го и пропржете го во тава, непрекинато мешајќи, додека да добие златножолта боја. Додајте вода 10:1.

Оставете да зоврие, намалете го огнот и оставете да се вари на тивок оган 15-30 мин. Во текот на варењето ставете прстофат морска сол. Процедете го чајот, а оризот можете да го употребите за подготовка на некое јадење.

Овој чај е добар за сите возрасти, посебно за бебиња при висока температура. Најмногу се користи летно време за нормализирање на телесната температура, но исто така е корисен за нормализирање на столицата при запек, дијареа или хронична главоболка.

Чај од пченица (јачмен) – рецепт

Постапка: Пржете го житото во тава 5-10 минути на среден оган, непрекинато мешајќи го. Додајте 10 дела вода на 1 дел жито (10:1) и оставете да зоврие. Кога чајот ќе зоврие намалете го огнот на тивко и оставете да се вари уште 15 минути. Чајот од пченица е освежителен пијалак преку лето, а чајот од јачмен ги топи маснотиите во организмот.

пченицата исперете ја

Чај од пченкарна свила – рецепт

Ставете во вода свежа или исушена пченкарна свила и варете ја. Овој чај е делотворен кај здравствени проблеми предизвикани од прекумерна потрошувачка на сол или намирници од животинско потекло – посебно при запек или ретко уринирање. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Loading...
Претходна статијаНајпознатиот балкански билкар: Во природата има лек и за она што си мислите дека е неизлечиво
Следна статијаМАК КОЛАЧ – Сè се меша за 5 минути, се мери со чаша