Жалфијата одамна е позната на нашите простори као лековита билка. Нашите предци ја користеле за истерување на зли духови, но и за лекување на бројни болести. Во разни краишта се нарекува со разни имиња – кадуља, калопер, бел џигер, славуља, па дури и бел пелин…

Оваа лековита билка има широка медицинска примена и влегува во составот на бројни лекови. Нејзината лековитост потекнува од испарливите етерични масла и затоа се смета дека е лековито доколку се вдишуваат нејзините испарувања.

Жалфијата е многу лековита билка која расте самоникната по карпи и високи места, но може и да се одгледува. Нејзините зелени делови се полни со етерични масла кои всушност се носители на лековитоста.

Силно мириса ако е „камењарка“ и доколку е изложена повеќе на сонце. Се берат само листовите, па од коренот таа повторно се обновува. Листовите брзо се сушат под сенка, но најлековита е свежата билка. Може да се одгледува и во саксија, но лековитите својства се помали.

Лекува и помага при многу болести: болки во вратот, воспалени крајници, воспалени непца и усна шуплина, воспалено ждрело, прочистува дишни органи, лекува гнојно воспаление на заби, ги јакне непцата и ги зацврстува забите, ја лекува слузокожата на желудникот, ги елиминира цревните проблеми, подуеност на стомак и дијареа.

Потоа ја прочистува крвта, спречува мозочен удар и делува при одземеност, лекува грчеви, болести на рбетен мозок, тремор, поволно делува на бубрези, црн дроб, мочен меур, мозок, го регулира потењето, намалува нервна напнатост, отстранува гниди од коса. Ги прочистува органите, лекува воспалено грло, крајници и слузокожа на уста и спречува непријатен здив.

Сируп од жалфија за лекувањето на кашлица, настинки и грип – Сварете чај од 40 грама жалфија и 600 мл вода. Оставете поклопено неколку минути, па процедете. После тоа, на тивок оган истопете 300 г шеќер. Полека истурете го чајот во крамелот и мешајте со дрвена лажица додека шеќерот сосем да се растопи.

Оставете сирупот да се излади. Преточете го во стаклен сад и чувајте во фрижидер. Се пие растворено во млак чај или млеко (по 1-2 супени лажица во една чаша напиток). Може да го приготвите и според следниот рецепт. Еве што ви е потребно: 200 мл мед, 2 супени лажици лимонов сок и 1 полна лажица сува жалфија.

Подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад со капак. Садот ставете го врз друг, поголем, исполнет со зовриена вода. Оставете горната смеса добро да се загрее на пареата. Кога ќе биде загреана, тргнете го огнот (од водената пареа) и замотајте го садот во ќебе, или на топло, да отстои уште 20-тина минути.

Процедете и складирајте во чиста стаклена тегла или шише. Употреба: за деца по една мала лажичка 3-4 пати дневно. За возрасни по една супена лажица, 3-4 пати дневно. Сирупот можете да го чувате во фрижидер неколку месеци.

Овој сируп не само што ја ублажува упорната кашлица, туку помага и при болно грло, бидејќи жалфијата во неговиот состав поседува антибактериски својства и делува како антипиретик. Потребни состојки за ВИНО: 1 литар добро слатко вино и 100 г ситно сечкани свежи листови.

Потребни состојки за тинктура: ½ литар ракија колку да ги прекрие листовите, Листови и цветови од жалфија колку да се наполни едно шише. Потребни состојки за чај:1 чајна лажичка жалфија или 1 филтер кесичка, 200 мл вода. Потребни состојки за ликер од листови: 30 листови жалфија, 2 листа босилек, 3-4 каранфилчиња, 2 лимони (рендана кора), 600 мл бело суво вино, 500 мл ракија и 300 г шеќер.

ПОСТАПКА:Во литар добро слатко вино ставете 100 г ситно сечкани свежи листови жалфија и оставете 2-3 седмици на сонце. Процедете и складирајте во шише.
Се пие трипати дневно по 1 мала ракиена чашка, после јадење. Тоа е одличен лек за нервна растроеност како и за брзо оздравување после операција и одреден напор.

Жалфијата може да се користи и како зачин, да се става во речиси сите јадења, а освен исклучителниот вкус, ваквите јадења стануваат и лековити. Ако сакаме да ја засилиме лековитоста тогаш зимно време треба редовно да пиеме чај од жалфија.

Тинктура: Полно шише со сечкани листови и цветови од жалфија се прелива со ракија. Се остава 4 седмици на сонце или на топло место. Потоа се процедува и се затвора во шише.

Една голема лажица од оваа тинктура разредена со малку вода се користи за испирање на грлото и устата, а истовремено се зема по една мала лажичка во вода или чај. ОБЛОГА: добро истолчена жалфија со листови од коприва – помага за чиреви и други инфекции.

ЛИКЕР од жалфија: сите состојки заедно се ставаат во поголема тегла и се остава 6 седмици на сенка. Се процедува низ цедалка и со дупла газа, нека стои уште 4-5 месеци пред употреба. ЧАЈ од жалфија: 1 чајна лажица од билката се прелива со 200 мл врела вода. Се поклопува и се остава 5-10 минути. Се процедува и се пие свежо приготвен чај.