Белите дробови почнале да му откажуваат, а еве како сега изгледаат после првата ЕКМО интервенција

За прв пат во нашата земја направена ЕКМО интервенција на пациент заразен со COVID-19 (видео прилог).

Со цел да се спаси уште еден живот, за прв пат во нашата држава беше применета ЕКМО (Екстракорпоралната мембранска оксигенација) кај критично болен со COVID-19 инфекција, со употреба на CytoSorb филтер.

Loading...

Екстракорпоралната мембранска оксигенација – ECMO претставува модифициран вид на кардиопулмонално премостување кое се користи како привремена подршка за пациенти со нарушена респираторна или срцева функција.

Главна компонента на ECMO уредот е мембрански оксигенатор, преку кој крвта по пат на дифузија поминува преку полупропустлива мембрана при што се отстранува јаглерод диоксид.

Пациентот беше примен во Клиничката болница Жан Митрев во исклучително тешка општа состојба со акутен респиратоден дистрес синдром, со ниска периферна сатурација, отежнато дишење и покачена телесна температура до 39Ц. Пациентот бешe итно интубиран и поставен на механичка вентилација.

Поради инверзија на гасните анализи со висока вредност на pCO2 и покрај високите респираторни подршки и максималната концентрација на кислород, пациентот е поставен на екстракорпорална мембранса оксигенација – ЕКМО со дополнителна употреба на CytoSorb филтер.

Ширејќи ги нашите медицински сознанија и следејќи ги најновите препораки за третман на COVID 19 пациентите започнавме со уште еден тип на прочистување на крвта кој се базира на методот на хемоабсорбција на цитокини и други воспалителни медијатори со CytoSorb филтер (одобрен од FDA за третман на критично болни пациенти со COVID-19 инфекција) со комбинација на екстракорпоралната мембранска оксигенација – ECMO.

Loading...