Најевтината лутеница „Огнени моркови“ – „ЉУТКО“: Салата без која не ја чекаме зимата. Пригответе ја хит-салатата со моркови која е евтина, но многу вкусна, според рецептот на Валентина Машковиќ. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг моркови подварени во обична вода, 3 кг печени и исчистени црвени пиперки, 1 кг лути пиперки попрскани со масло и само омекнати во рерна на 200 степени 10-тина минути, 1 китка магдонос, 3-4 главици лук, 200 мл бел (алкохолен) оцет 9%, 4-5 лажици сол по ваш вкус, 300 мл масло, 1 кесичка црн пипер во зрно, можете да додадете и ловоров лист, 2 лажици шеќер

Кратко упатство: соединете ги сите овие состојки и оставете ги да отстојат неколку часа, по можност преку ноќ. Наполнете ги стерилизираните тегли и ставете ги да се пастеризираат на 90 степени, 1 час. Ако не сакате да ја пастеризирате салатата, додајте 1.5 кесичка конзерванс од 5 г.

ДЕТАЛНА ПОСТАПКА: Морковите излупете ги и ставете ги да се варат во обична вода (не додавајте сол). не ги варете докрај, туку само колку малку да омекнат, за да не се распаднат подоцна кога ќе се оладат.

Еден килограм лути пиперки исчистете ги од дршките и наредете ги во плех обложен со хартија, испрскајте ги со малку масло и ставете ги да се печат во рерна но само колку да омекнат, а не и да се испечат. Овие не треба да се лупат.

Благите пиперки испечете ги, излупете ги и исчистете ги до семето. Главиците лук разделете ги на чешниња, прелијте ги со топла вода за полсно да ги излупите, а потоа исечкјате ги на ливчиња.

Пиперките исечкајте ги на коцки и сипете ги во големо, широко тенџере, додајте сечкан магдонос, лукче, морков исечен на тркалца, а потоа зачинете: две супени лажици шеќер, црн пипер во зрно, кој сака ловоров лист, 300 мл масло, 200 мл бел оцет, 4 полни лажици сол (или по вкус).

Убаво измешајте со лажица или раце за да се соединат и растворат состојките, па поклопете и оставете најмалку 3-4 часа или најдобро преку цела ноќ. Следниот ден наполнете ги чистите тегли (притиснете да нема воздушни простори).

Затворете ги со нови капаци, наредете ги во ладна рерна и вклучете ја на 90 степени. Пастеризирајте ги еден час и оставете ги да се оладат во рерна. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „МОРКОВ-ЛУТЕНИЦА: вкусна и многу здрава витаминска зимница, брза и лесна подготовка“ – ОВДЕ.