Ако сакате убави дефинирани стомачни мускули, тенок струк и затегната кожа во стомачниот дел, ова се најдобрите вежби во времетраење од 8 минути, најефикасни, а истовремено и наједноставни, секој може да ги направи. Повторувајте ги секој ден и за кратко време ќе ги видите резултатите:

ВЕЖБА 1: Легнете на под со свиткани нозе во колената, подигнете ја малку главката и горниот дел од трупот со испружени раце од страните. Обидете се со десната дланка да го допрете глуждот од десната нога, а потоа истото сторете го и со левата страна. Повторувајте наизменично 30 пати, по 15 од секоја страна.

ВЕЖБА 2: Рацете под глава, па наизменично подигнувајте го левото колено и обидете се да го доприте или доближите кон левиот лакт, а потоа истото сторете го и обратно, со другата страна. Повторете 30 пати, по 15 пати од секоја страна. ПАУЗА од 30 секунди.

ВЕЖБА 3: Истата положба, подигнувајте го горниот дел од телото со рацете испружени пред вас, а колената малку раширени. Спуштете се малку, но не целосно на подот и повторете го подигнувањето. Повторете 30 пати.

ВЕЖБА 4: Легнете на грб целосно испружени со рацете под глава. Подигнете ја десната нога високо под прав агол, а веднаш зад неа и левата. Штом двете нозе ќе се најдат во вис, полека спуштете ја десната нога, а веднаш зад неа и левата. Направете 30 повторувања. ПАУЗА 30 секунди.

ВЕЖБА 5: Легнете на под со свиткани нозе во колената, подигнете ја малку главата со горниот дел од трупот, а дланките од рацете поставете ги на предната страна од бутовите. Движете се полека горе-долу, подигнувајќи се и спуштајќи се, притоа лизгајќи ги дланките по нозете. Повторете 30 пати.

ВЕЖБА 6: Легнете на грб, нозете исправени во вис под прав агол, а рацете странично испружени со дланките кон горе. Подигнувајте го трупот нагоре и обидете се со дланките да ги фатите листовите, колку поблиску можете до глуждовите. Повторете 30 пати. ПАУЗА 30 секунди.

ВЕЖБА 7: Легнете на грб со подвиткани колена, а рацете прекрстени на гради. Подигнувајте го горниот дел од трупот и спуштајте го, 30 пати.

ВЕЖБА 8: Допирна точка ви е само задниот дел од грбот со глутеусите. Горниот дел ви е подигнат, а исто и нозете свиткани во колена, паралелни со подот. Подигнувајте го и спуштајте го торзото со рацете испружени од страните, паралелни со подот.

Повторете 30 пати. Видеопрезентацијата од вежбите погледнете ја ОВДЕ. Прочитајте и: „Најмоќните движења – само 10 мин: Лекува подуеност, ги елиминира гасовите, го топи салото – резултати за 7 дена“ – ОВДЕ.

Најмоќните движења – само 10 мин: Лекува подуеност, ги елиминира гасовите, го топи салото – резултати за 7 дена