Најдобриот природен лек против вируси: мед, ореви, лук и оцет – лекува многу болести

Овој еликсир помага при болки во грло, нередовна дигестија, слаба циркулација и размена на материите во организмот.

Се препорачува и кај болести на срцето, бубрезите, го регулира крвниот притисок, па дури помага и во намалување на вишокот килограми.

Во народната медицина е чест лек при кашлица, а се консумира наутро и навечер.

Loading...

Медот е најдоброто средство за убав и цврст сон. Ако една лажица мед не ви е доволна за квалитетен сон, тогаш народната медицина го препорачува следниот рецепт: Во медот додадете и една лажица јаболкова киселина. Од мешавината треба да се зема и доколку се будите во текот на ноќта.

Кај анемија се препорачува следниот рецепт: измешајте еднаква количина мед и мелени ореви (по 500 г од секоја состојка) и додадете сок од половина лимон. Добро се меша да се изедначи, а се консумира по една лажичка на секои 3-4 часа. Смесата е добра за опоравување на анемични и исцрпени лица.

За хипертензија и недостиг на железо секојдневно консумирајте по 100 г ореви со иста количина мед, најмалку 45 дена. Лажица мед со 3-4 ореви е одлично природно средство против главоболка, несоница, склероза.

За чир во желудник се зема половина час пред јадење по 5-6 лажици оревово млеко, кое се приготвува на следниот начин: 20 г мелени ореви се прелеваат со 100 мл топла вода, се меша, се процедува и се додава 1-2 лажици мед.

МЕД СО ЛУК

Овој рецепт ја обновува силата на организмот и многу е добар против астма и отежнато дишење: 1 кг мед, сок од 10 лимони и сок од 10 главици лук. Се меша добро и се остава една седмица во затворена тегла во фрижидер.

Се пие еднаш дневно по 4 лажици и тоа пуштајќи сокот полека да тече низ грло. Треба да се пие редовно во текот на два месеци.

Против грип и разни вируси, познат е народниот лек од мед и лук: исчистен лук се гмечи во каша и се меша со мед од липа во однос 1:1. Се консумира по една лажица растворена во чаша млака вода, пред спиење. Може да додадете и една лажичка јаболкова киселина.

Loading...