На телото постојат посебни точки за разладување: ставете коцка мраз на нив и заборавете на клима!

Климите и вентилаторите не се секогаш идеалното решение за разладување. Сепак, на телото постојат посебни точки кои можат тоа да го направат многу подобро. Покрај разните разладни уреди, постојат места на нашето тело кои може да послужат за разладување.

Местата за разладување се тесно поврзани со импулсните точки на вашето тело. Тоа се места на кои можете да го почувствувате пулсот, бидејќи крвните садови се многу блиску до површината на кожата. Затоа е најефикасно да се излади крвта и телесната температура со ладна вода во таа област од телото.

КЛУЧНИ ПУЛСНИ ТОЧКИ НА ТЕЛОТО СЕ:

-рачен и скочен зглоб
-внатрешна страна на колената
-внатрешна страна на бутовите
-препони
-подлактица (внатрешна страна на лакотниот зглоб)
-врат
-слепоочници

Овие места се најприкладни за разладување. Меѓутоа, овие места не е добро постојано да ги држите под мраз или ладно. Во зависност од активноста со која се занимавате, местата се разликуваат.

Ако вежбате по топло време, ладете ги зглобовите на лактот и вратот. Но ако сте во стан во кој е многу топло, тогаш ладете ги стапалата, зглобовите, колената и бутовите.

Loading...