Мирисот на застојана храна, мирисот на силна храна особено на месо и месни продукти, е нешто најлошото што можете да го почувствувате кога ќе ја отворите вратата во фрижидерот.

А што се случува доколку истиот ден сте зачиниле и сте замесиле мелено месо со кромид за следниот ден да правите плескавици, а истовремено приготвувате и торта целата во крем. Каде ќе ја ставите тортата? Ако немате резервен фрижидер, ќе мора некако да ја заштитите тортата за а не ви мириса следниот ден на кромид.

Непријатниот мирис од фрижидерот може да се отстрани со активен јаглен:

-на мала чинија или чинија од тацна или капаче од тегла, ставете активен јаглен во прав.

Активниот аглен има својство да ги впива сите непријатни мириси, па така, при отворањето на фрижидерот ќе чувствувате свежина наместо непријатен мирис.

Исто така, ако имате викендица и треба да ја напуштите, откако ќе го испразните и исчистите фрижидерот, добро е во него покрај активниот јаглен да ставите и една мала шолја со мелено кафе. На овој начин ќе го заштитите вашиот фрижидер од создавање на непријатна мувла и трајни непријатни мириси кои многу тешко се отстрануваат.

При чистењето на фрижидерот ќе биде доволно да поминете со влажна крпа натопена во раствор со оцет. А активниот јаглен оставете го да ви стои во фрижидер преку целата година.