Метод за спиење во повеќе фази: кога немате доволно време за спиење поради работа

Треба да се има на ум дека секое тело е понакво, а различните типови од повеќефазното спиење можеби нема да му одговараат секому. Според нас ноќното 8-часовно спиење е незаменливо за здрав и регенеративен одмор, но ајде да ги разгледаме различните методи од повеќефазното спиење и од каде потекнува овој метод. Можеби некому ќе му користи.

Сонот кој се состои од повеќе фази често се врзува за едно од најгенијалните имиња во светот на уметноста и ренесансната ера, Леонардо да Винчи. Му бил потребен подолг временски период за да ги развие своите идеи – време кое често го немал. Сакал да искористи максимално време за работа, а минимално за спиење. Тој план подразбирал да го подели нормалниот период за спиење на неколку делови, односно на повеќе фази, што го довело до пракса да спие по неколку пати во текот на денот. Па така, да Винчи спиел по 15 минути на секои 4 часа. Како резултат на овој негов план, тој спиел само еден час и триесет минути дневно. Да Винчи го користел овој метод повеќе години во текот на својот живот и рекол дека никогаш не се чувствувал уморно.

Ова се објаснува на следниот начин: со прекинување на нечие будно време на секои 4 часа со краток период на одмор, всушност се зголемува капацитетот за работа.

НЕКОЛКУ РАЗЛИЧНИ МЕТОДИ ЗА ПОВЕЌЕФАЗНО СПИЕЊЕ

Спиење 30 минути на секои 6 часа (dymaxion метод)

Спиење 20 минути на секои 4 часа (uberman метод)

Спиење навечер 1,5 – 3 часа и потоа трипати во текот на денот по 20 минути (everyman метод)

Спиење навечер 2 часа и еднаш попладне по 20 минути (тесла метод)

Спиење навече 5 часа и 1,5 час попладне (сиеста метод).

Значи, треба да се има во предвид дека секое тело е различно и секој има различни потреби и време за спиење.

Експертите предупредуваат дека доколку планирате да испробате некој од овие методи, да не возите автомобил ниту да носите важни одлуки додека не бидете апсолутно сигурни дека недостигот на сон нема кај вас некои последични ефекти.

Можеби овие методи со ваков распоред на спиење имаат смисол кога станува збор за инцидентни периоди кога имате многу работа а немате доволно време за сон, но не се препорачуваат за постојана пракса. Сонот е многу драгоцен и за умот и за телото.

Loading...