I Рецепт: Овој здрав сируп се пие навечер, а неговото второ име е топач на масти

Сон на секоја жена е тенка и витка фигура. За среќа постојат неколку трикови со кои можете да се ослободите од вишокот килограми, на природен начин. Станува збор за напиток кој се приготвува многу лесно а се состои од неколку состојки кои веќе ги имате во кујната.

Циметот има моќ да го намали лошиот холестерол, ја подобрува циркулацијата и протокот на к-рв, го помага варењето и метаболизмот, а на тој начин овозможува побрзо сосгорување на мастите.

Потребни состојки: цимет, вода, мед, лимон.

Постапка: Ставете 2 лажици цимет во чаша врела вода. Оставете да отстои 15 минути. Кога водата ќе излади додајте 2 лажички мед и добро промешајте.

Напитокот пијте го пред спиење, секојдневно. Исто така, можете да додадете исцеден сок од еден лимон за да го подобрите вкусот и дејството.

II Рецепт: Моќна тинктура која ги пржи мастите на стомакот и ги чисти артериите од ште-тните наслаги

За ослободување од то-ксините кои се таложат во телото, за зголемување на еластичноста на кр-вните садови и нивно ослободување од плаките, се препорачува редовно чистење кое може да се спроведува на неколку начини, а овде ќе ви ја претставиме оваа многу ефикасна лековита тинктура.

Чистењето генерално се спроведува на различни начини – од одредена детокс диета, консумирање на народни средства, па се до земање на лекови, плазмафереза и ласерско чистење на кр-вта.

Важно е да се знае дека чистењето на кр-вните садови со лекови предизвикува доста контраиндикации. Нивната примена е последниот чекор, кога другите средства не помааат.

Затоа, чистењето на кр-вните садови и воопшто од вишокот масни наслаги во организмот и лошиот холестерол со природни средства, е најсигурно и нејбезбедно, но исто така бара внимателен и правилен однос и примена.

Лукот и лимонот одамна се сметаат за одлични средства за чистење на кр-вните садови, намалување на лошиот холестерол, јакнење на ѕидовите на кр-вните садови и намалување на ризикот од о пасни болести како што е атеросклерозата.

Тинктурата со лимон и лук се користи во тибетската и руската народна медицина веќе со столетија. Исто така, оваа лековита тинктура спречува формирање на канцерогени клетки, што е повеќепати потврдено со научни истражувања, како и фактот дека лукот содржи големи количини антиоксиданти поради кои тој има својства за регенерација и подмладување.

Потребни состојки: 4 главици лук со средна величина, 4 лимони со кора со средна величина, околу 3 литри дестилирана или провриена вода.

Постапка: Лукот треба да биде домашен, македонски, а не кинески, бидејќи само домашниот е лековит. Лимонот по можност треба да биде непрскан, бидејќи се користи кората. Во спротивно, неколку часа оставете го во раствор со сода бикарбона, а потоа добро истријте ја кората.

Лукот исчистете го и поделете го на чешниња. Лимоните прелијте ги со врела вода една минута, а потоа исечкајте ги, па заедно со лукот сомелете ги.

Мелената смеса ставете ја во голема стаклена тегла од 3 литри, па прелијте ја со топла превриена вода, до врвот на теглата. Затворете и оставете во фрижидер да отстои три дена.

Потоа процедете, содржината добро истискајте ја низ газа, а добиената течност чувајте ја повторно во фрижидер. Употреба: максималната доза од овој напиток е 50 мл трипати дневно.

Сепак, чистењето треба да се започне со помали дози од 1 – 2 лажици. Ако не постојат непријатности, дозата треба постепено да се зголемува до неопходната. Терапијата трае 40 дена. Чистењето на кр-вните садови на овој начин се препорачува да се спроведува еднаш годишно, со консултација на лекар.

После консумацијата на овој напиток, се подобрува циркулацијата на кр-вта и нејзиниот липиден состав, се нормализира кр-вниот притисок, се подобрува мозочната циркулација и полесно се губат вишокот килограми, особено оние на стомакот.

III Рецепт: Како да го стопите и најупорното сало на стомакот – рецепт за раз-бивање на мастите

Иако, статистиката покажува дека нормално човекот се здебелува за околу 3 килограми во зимскиот период, сепак треба да се размислува во насока на здравјето, и да се направат подготовки за пролетта, а особено за летото кога треба да се расоблечеме.

​Затоа, постепено воведувајте еден ден седмично во кој ќе консумирате само свежо цедени сокови од овошје и зеленчук и на тој начин ќе му дадете време на вашето тело да се одмори, а органите кои се задолжени за детоксикација – да си ја извршат својата функција.

​Исто така, како што постепено се затоплува времето, така вие зголемувајте ги вашите прошетки на чист воздух, и секогаш кога сте во можност, направете барем 10 – 15 минутни кардио вежби.

​Најважно е да се разбуди метаболизмот кој зимно време од еволутивни причини се успорува. Кога еднаш ќе го забрзате метаболизмот, многу полесно ќе се ослободите од вишокот килограми.

Ние ви предлагаме еден пијалак кој ќе ви помогне во сето тоа, чии состојки имаат способност за многу кратко време да ве ослободат од то-ксините и мастите. Меѓутоа, како и кај секоја диета, важно е да се придржувате до правилата. Што се однесува до овој напиток, важно е да го приготвите правилно и да го пиете редовно.

Подоцна ви останува само да уживате во одличните резултати, а првите очекувајте ги за помалку од еден месец.

​Потребни состојки: 1 чаша сок од домати, ¼ чаша лимонов сок, 1 мала лажичка рендан свеж ѓумбир, 1 мала лажичка лута пиперка во прав (или ½ лажичка црн пипер во прав), 2 стебленца целер (со средна големина).

​Постапка: Сите состојки без целерот измешајте ги убаво. Ќе добиете 220 мл напиток. Послужете во стаклена чаша и во неа додајте ги стебленцата од целер. ​Додека го пиете напитокот, постепено јадете го целерот, убаво соџвакувајќи го. Напитокот и целерот треба истовремено да се консумираат.

​Дневно, помеѓу оброците пригответе вкупно три чаши од овој раз-бивач на маснотии. Ако приготвите поголема количина за цел ден одеднаш, тогаш напитокот чувајте го во стаклен сад, во фрижидер.

IV Рецепт: Две голтки и готово: овој напиток ќе ги из-гори сите вишок масти

Иако повеќето луѓе овој период не се грижат многу за килограмите, сепак има и такви кои сакаат да бидат здрави и во форма. За да го постигнат тоа, тие водат сметка за исхраната, вежбаат и што ли не, а не се свесни дека некои обични намирници кои сите ги имаме дома – го забрзуваат со-горувањето на мастите и го помагаат слабеењето.

На пример, кафето – ако во овој напиток додадеме неколку состојки, тоа се претвора во супер-напиток кој делува како препарат за согорување на масти. Еве што треба да направите.

Потребни состојки: 1 – 2 мали лажички мед, 1 лажица цимет, 1 лажица кокосово масло.

Постапка: Додајте ги овие состојки во кафето секој ден, а за најдобри резултати пијте двапати дневно. Ова е совршен рецепт за согорување на масти и забрзување на метаболизмот.

Мед

Медот е природен засладувач со низок гликемиски индекс и тој ја зголемува потрошувачката на енергија во телото. Ако сакате слатко кафе, додајте 2 лажички мед наместо шеќер и со тоа ќе направите нешто корисно за своето здравје.

Цимет

Циметот спасува животи, а се користи уште од античко време. Тој е одличен лек за пациенти кои боледуваат од шеќерна болест, бидејќи го намалува нивото на шеќер во кр-вта и го забрзува метаболизмот. На тој начин ги со-горува мастите и ги намалува наслагите од стомакот, со што вас ве прави витки и здрави.

Кокосово масло

Кокосовото масло не е добро само за надворешна употреба, туку и за внатрешните органи. Ја подобрува нивната работа и го забрзува метаболизмот на телото. Кога организмот го согорува кокосовото масло, се ослободува топлина и се редуцираат мастите.

кокосово масло

Од овие 4 рецепти за топење на мастите, одберете 1 по ваш избор и редовно консумирајте го, а резултатите ќе бидат видливи за краток период. Одберете го оној рецепт кој најмногу ви се допаѓа и чии состојки ги имате постојано во домот. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска