Во 1960-тите во една руска oфталмолошка клиника, покрај редовното лекување и медицинска терапија, рускиот лекар, офталмолог и хирург Владимир Петрович Филатов ги советувал пациентите да подготват смеса според рецепт на алтернативна медицина, со цел да го подобрат видот или да спречат понатамошно слабеење.

Откако им го открил рецептот на пациентите, луѓето почнале масовно да го користат, а за лекот многу позитивни искуства и сведоштва. Познатиот руски лекар Филатов успешно користел алое во поттикнување на регенерацијата на ткивата и клетките.

Овој научник утврдил дека растението содржи биогени стимулатори кои го зајакнуваат имунитетот и се препорачуваат на лица кои претрпеле тешки болести, кои се изложени на агре-сивни терапии и на секој кој сака да ги зајакне своите одбранбени способности.

Алое верата е одличен лек за кожата. Се препорачува при изгореници, ра-ни и егзема. Успешно се користи и во лекување на ревматоиден артритис, чир на желудник и заболивања на цревата. Има антивоспалително дејство.

Растението содржи полисахариди и липиди. Свежиот сок од алое содржи антраквинони кои имаат лаксативно дејство. Алое не се препорачува за луѓе кои страдаат од колитис или уремија.

Францискиот монах и учител од Бразил, Романо Заго го поминал поголемиот дел од животот меѓу сиромашните луѓе помагајќи им, а потоа забележал дека луѓето брзо и лесно се опоравуваат од разни болести користејќи разни видови алое.

Алое вера и Аloe arborescens се лековити. Сè што ви треба за да ја направите оваа лековита смеса се 100 г сок од алое (алое арборесенс, што треба да го извлечете сами од растението), 500 г мелени ореви, 300 г мед и сок од 3 – 4 лимони.

Прво направете сок од алое: Исечете поголеми, долни и средни листови од алое, оставајќи го горниот дел од растението и горните 3 – 4 лисја непресечени. Исплакнете ги со изладена зовриена вода и пресечете ги на мали парчиња. Процедете го лековититот сок преку двојна газа.

Кога ќе го направите сокот од алое, измешајте го со останатите состојки. Оваа мешавина се консумира трипати на ден, половина час пред главните оброци по 1 лажица. Се консумира постојано се додека да дојде до подобрување на видот. Покрај тоа, овој пијалак е вистинска витаминска бом-ба – го зајакнува целиот организам.

Лек стар 5000 години, се користи на секои 5 години, а доколку го пробате заборавете на болестите бидејќи лечи се од глава до пети

Во 1972 година, еден монах во тибетскиот манастир пронашол неверојатен рецепт, стар 5000 години! Лечи многу болести, но мора да бидете претпазливи со него – многу е силен и се користи само еднаш во 5 години.

Главната состојка во рецептот е лукот. Не грижете се, бидејќи нема да го почувствувате лукот кога ќе го консумирате лекот, а ќе му овозможите на вашето тело вистинска преродба.

Поради алицинот што го содржи, лукот има силно антибактериско дејство, а одличен е и во бор-бата против вируси, габи и паразити. Се верува дека оваа течност лечи артериосклероза, белодробни заболувања, ерек-тилна дисфункција, синуси, висок притисок, артритис, ревматизам, гастритис, хемороиди, помага при слабеење, регулира проблеми со видот и слухот и го забрзува метаболизмот.

За да ја направите оваа моќна тинктура, набавете 350 г лук и 200 мл 95% ал-кохол или рум. Ако изберете ал-кохол, проверете дали содржи метанол или бензалкониум хлорид (не треба да содржи).

Подготовка: Одделете ги чешнињата лук, исчистете ги и изгмечете ги. Се мешаат со ал-кохол и се ставаат во стаклено шише. По 10 дена процедете го лекот, па вратете го во шишето и оставете го во фрижидер два дена.

Оваа лековита смеса може да се пие најмногу 12 дена со истурање на одреден број капки во чаша вода пред појадок, ручек и вечера. На првиот ден, ставете една капка пред појадок, две пред ручек и три пред вечера.

Секој ден зголемувајте ја количината со додавање на 1 капка повеќе, значи вториот ден пред појадок 4 капки, пред ручек 5, а пред вечера 6. Применувајте ја постапката така што ќе додавате по 1 капка се до 6 ден.

Од 7 ден до 12 започнете со намалување на бројот на капки. Значи 7 ден за појадок 12 капки, ручек 11, а вечера 10 капки од тинктурата. До 10 ден треба да стигнете до 1 капка за вечера.

11 ден се консумира 15 капки за појадок, 25 за ручек и вечера. Последниот (12) ден по 25 капки за појадок, ручек и вечера. Забелешка: По консумирањето на лекот направете пауза од 5 години. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска