Вишните потекнуваат од западниот дел на Азија, а пред околу 2500 години започнале да се одгледуваат во Грција и Турција. Благодарение на Римјаните, се прошириле во Европа.

Вишните се познати по своите бројни лековити својства и антиоксидативно дејство. Богати се со витамини А, Ц, Е и фолна киселина, а од минерали содржат калиум, магнезиум, железо и растителни влакна.

Вишните содржат феноли, галична киселина, каемферол и кверцетин. Силните антиинфламаторни својства на вишната се корисни за намалување на б олката при гихт и воспаление на мускулите, остеоартритис и ревматоиден артритис.

Студиите потврдуваат дека дваесет вишни на ден или концентрат од исто количество имаат исто аналгетско дејство како аспиринот или бруфенот. Акутното воспаление е одговор на организмот на пов-реди, инфекции, неправилна исхрана и алергени.

Ако воспалението е долготрајно, тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми како што се срцеви заболувања, артритис, астма и дијабетес. Најновите истражувања нудат се повеќе докази за позитивните ефекти на вишната врз намалувањето на воспалението.

Во една од студиите, десет лица пиеле 250 мл сок од вишна секој ден во период од две недели, по што значително се намалиле нивните воспалителни процеси, а нивото на триглицериди и ЛДЛ лошиот холестерол – фактори на ризик за развој на срцеви заболувања – се нормализирало.

Заштитува од слободните радикали

Вишните се богати со фенолни соединенија – моќни антиоксиданти кои го штитат нервниот систем и спречуваат оксидативен ст-рес. Ова е важно за постарите лица, бидејќи ги штити од невроде-генеративни нарушувања како што се губење на меморијата, сенилна деменција и Алцхајмерова болест.

Поради високото ниво на антоцијанини, вишните имаат значаен ефект врз превенцијата од карцином, особено на дебелото црево.

Помагаат во лекување на несоница

Вишната е еден од ретките видови овошје што содржи мелатонин – природен хормон кој го регулира спиењето. Нашето тело нормално го лачи хормонот мелатонин, кој се ослободува само во текот на ноќта, обично по 21 часот, и со тоа го стимулира спиењето.

Пијте чаша чист сок од вишна пред спиење. Ова ќе ви овозможи длабок, непрекинат и релаксирачки сон. Мелатонинот исто така се користи во третман на симптоми во менопауза, постепено повлекување на лекови, рак на дој-ка и простата, хиперактивност и дефицит на внимание (АДХД синдромот).

Сувите вишни изгледаат слично на свежите. Тие се идеална замена кога вишните не се достапни во свежа форма. Од дршките од вишната може да се направи чај кој помага во исфрлање на песокот од бубрезите, мочниот меур, целулит, ерек-тилна дисфункција, болести на бубрезите и хронична кашлица.

Лисјата на вишната се одлично средство за убавина и помагаат при првут и отечени очни капаци. Семките од вишна се користат како топло-ладни облоги. Вишните се достапни цела година во замрзната, свежа или сува форма или како сок ако сте го подготвиле пред некое време, но сировите се најздрави.

За да ги искористите целосно вишните, консумирајте една до две чаши од ова овошје дневно, нивниот сок.

Сок од вишна – рецепт

Потребни состојки: 10 кг вишни, 4 кг шеќер, 3 литри вода, 40 мл сок од лимон.

Подготовка: Излупете ги вишните и измијте ги. Изгмечете ги (добро би било да ги отстраните семките). Во тегла ставете слој вишни, па слој шеќер и малку лимонов сок.

Повторувајте ја постапката додека да ги потрошите состојките. Оставете ја теглата на темно и ладно место, по можност во фрижидер 24 часа, повремено мешајќи ја целата маса. По 24 часа, пренесете ги вишните во тенџере и загрејте ги додека да зоврие сокот.

Ако при варењето започне да се формира пена треба да ја отстраните. Вака подготвената смеса треба да се готви на умерена температура околу 45 минути. Потоа тргнете го тенџерето од оган и процедете низ цедалка.

вишни во тегла

Потоа направете уште едно процедување преку газа. Вратете го сокот во тенџерето и ставете ја водата и почекајте да се загрее до вриење. Во меѓувреме пастеризирајте неколку стаклени шишиња. Врелиот сок прелијте го во шишињата по 15 минутно варење на сокот. Шишињата завиткајте ги во ќебиња и оставете да се изладат. Чувајте ги на темно и суво место.

ликер од вишни

Третман на црн дроб

Ставете лажица мелени лисја од вишна и лажица суви мелени лисја од коријандер во емајлиран сад. Прелијте ја смесата со три чаши топла вода. Загрејте ја смесата до вриење, а потоа намалете ја температурата и продолжете да готвите уште 30 минути.

вишни во тегла

По изминатото време, тргнете го тенџерето од шпорет и почекајте чајот да се излади, а потоа процедете го низ цедалка или газа. Консумирајте две лажици од овој чај на ден, после јадење. Третманот трае 1-2 месеци. Овој чај има многу корисен ефект кога станува збор за лекување на заболување на црниот дроб.

ликер од вишни

Тинктурата од лисјата од вишна лечи ерек-тилна дисфункција

Тинктура од вишна можете да направите со земање на околу 20 лисја вишна, ситно исечкајте ги и ставете ги во стаклена тегла. Потоа прелијте ги со 200 мл медицински алкохол 96%.

Поклопете и чувајте ја затворена теглата најмалку 20 дена, со повремено протресување 2-3 пати на ден. Кога тинктурата ќе се раствори, процедете ја и претурете ја во друга тегла. Се консумира така што се ставаат 2-3 капки од тинктурата во вода после оброк. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

ликер од вишни