Свети Ефрем Сириски се родил некаде во првите години на четвртиот век во околината на Низибија или во самиот град. Неговите родители биле сиромашни. Тие го воспитувале во ст рав Божји, но годините на неговата младост го вовеле во некакви морални застра-нувања, од што произлегло и помра-чувањето на неговата вера во Божјата промисла и почнал да мисли дека сè што станува во нашиот живот – станува случајно.

Од оваа душевна расположба Божјата премисла го излекувала на многу чуден начин. Бил об винет дека у-крал овци и го ставиле во зат-вор. Со него бил зат-ворен уште еден човек, а таму нашле и некој трет човек. Сите тие биле невини.

По седум дена поминати во зат-ворот, свети Ефрем сонувал и во сонот му било речено дека, иако не е ви-новен за тоа што е об-винет, но дека стра-да за своите други гре-вови, а дека и оние што се зат-ворени стра-даат за своите други гре-вови. Откако се разбудил, тој им го раскажал на другарите својот сон.

Тогаш го разгледале сите своето минато и виделе дека во минатото направиле многу лоши дела и дека за нив не биле каз-нети. Судијата го оправдал свети Ефрема, што, исто така, му било претскажано во еден друг сон.

Овој настан во срцето на свети Ефрем ја утврдил верата во Божјата промисла: дека Бог мисли за него и дека Божјото око постојано го гледа. Тоа толку повлијаело на него, така што веднаш го напуштил светот и се оддалечил во околните планини кај отшелниците и му станал ученик на свети Јаков – големиот низибиски светител.

Под негово раководство свети Ефрем се вежбал во подвизите на побожноста, го изучувал Светото писмо и под влијание на едното и на другото – потполно го изменил својот живот.

Место оној гневлив и колеблив од сомненија млад човек, свети Ефрем станал смирен и скрушен жител на пустината, дење и ноќе ги опла-кувал своите гревови и потполно им се предал на патиштата на Божјата промисла.

Свети Јаков, познавајќи ги ретките особини на својот ученик, кога станал епископ, ги користел неговите способности во управувањето со светата Црква, давајќи му да ја проповеда Божјата наука и да ги учи децата во училиштата, а го зел со себе и кога отишол на Првиот вселенски собор во Никеја, та кога се вратиле од таму, го направил учесник и помошник на сите свои работи и во молитвите за избавување на градот од напа-дот на Сапор Персиски во 337 година.

По с-мртта на свети Јаков во 338 година, свети Ефрем решил да ја посети татковината на својата мајка, градот Амида, кој се наоѓал исто така во Месопотамија, и останал извесно време да живее таму.

Оттаму го повлекла желбата да отиде во Едеса, за да им се поклони на тамошните светињи, бидејќи таму се наоѓал одговорот на Авгаровото послание од Господа Исуса Христа; таму бил и неракотворниот образ на Спасителот, а таму почи-вале и моштите на светиот апостол Тадеј, кој го просветил со вера царот, градот и сета таа земја, а околу самиот град цутел богат монашки живот.

Откако дошол во овој град, свети Ефрем останал да живее во него. Немајќи средства за живеење, тој стапил на работа кај некој човек што имал јавна банка. Таа работа не одговарала на неговата духовна расположба и на неговата цел, но тој чекал укажувања одозгора, кои и не задоцниле. Слободното време кое му останувало од молитвите и должностите што ги имал во бањата, тој го употребувал за разговори со незнабошците.

За време на еден од тие разговори, него го слушал и еден старец од пустината, кој, судејќи по високото достоинство на неговата проповед, со право заклучил дека свети Ефрем не се наоѓа на своето вистинско место. Затоа, откако го дочекал крајот на неговата проповед, започнал разговор со него, па, откако дознал за неговите подвижнички стремежи, му предложил да појде во некој од манастирите во околината, на што свети Ефрем веднаш се согласил.

Кога се оддалечил во планините, тој го нашол таму она, по што ко-пнеела неговата душа. Таму имало многу големи подвижници, чиј живот минувал во молитви, пеење псалми и славословија на Бога. Тие немале други засолништа, освен пештерите; не употребувале обична храна, туку се хранеле само со растенија.

Гледајќи го сето тоа, свети Ефрем го прифатил таквиот начин на живеење, а кон подвижничките трудови, тој го додал само неуморното изучување на Светото писмо. Неговата душа се зближила со тие љубители на пустината, но особено се угледал на подвижникот Јулијан, кој имал исто, како него, скрушен дух и кој, исто така, со иста љубов го проучувал Светото писмо.

Занимавајќи се постојано со изучувањето на Светото писмо, свети Ефрем цр-пел од него духовна радост и мудрост. Но сокровиштата на неговите познавања, во голем дел, биле скриени од другите луѓе, можеби затоа што бил смирен, а можеби и затоа што тие биле плод на неговите лични умствени усилби, а не на некој особен учителски дар, кој не сакал да се крие, туку сакал неговото учење да се пренесе на сите.

Набргу и на свети Ефрем му бил испратен овој дар како што му било откриено на истиот прозорлив старец, кој го извел од градот, кој видел свет ангел, кој му ставил на светецот некаква таинствена книга во устата. Од тоа време неговата душа, напојувана со водата на знаењето за Бога и за божествените работи почнала да се излива во незапирлив Поток на умилни поуки.

Стоплувани со живи чувства и вдахнувани од полнотата на неговото срце, кое било осветено со благодатта на Светиот Дух, неговите поучителни слова биле исполнети со духовно помазание.

Чудно се умножувале во неговата уста најубедливи поуки, тро-гателни изобли-чувања и за себе и за другите, мудри правила и совети, и одеднаш со ненадеен полет неговата побожна мисла се издигнувала кон Бога, за да ја искаже славата на Неговата безгранична љубов и да му се моли за простувањето на гре-вовите.

Примери и мисли од Светото писмо, богато искуство од подвижничкиот живот, приказни и споредби од природата, сè било готово и се јавувало само од себе во неговите едноставни, непосредни и пригодни поуки.

И не само морално-духовните и подвижничките поуки биле предмет на неговите поуки; тој се потрудил многу и на толкувањата на Светото писмо, како и на изложувањето на догматското учење, пред сè, и главно за она против што грешеле тогашните и поранешните еретици.

Во тие и такви трудови изминал целиот негов живот и веќе се приближувал неговиот живот, кога се појавила кај него желба да ги види египетските подвижници и да го посети големиот Кападокиски археипископ Василиј Велики.

Откако зел со себе и еден од своите ученици, кој знаел грчки, дошол до Средоземното Море и се качил на еден кораб. Молитвата и надежта на Бога го избавиле него, а и тие што пловеле заедно со него – биле избавени од бродоломот и давење во морето.

Нитриската Гора го примила како сакан гостин и му пружила радост да се види со великиот Паисиј, со кого останал во разговор шест дена. Разговарал тој и свети Јован Колов и со други свети старци и духовни учители.

Освен Нитриската пустина, тој посетил и други такви места, посетил вселенски подвижници и секаде зад себе оставил срдечни спомени како за побожен маж, просветен од Бога, а и тој самиот понел од таму духовни поуки за животот и правилата на живите и упо-коените египетски монаси.

Враќајќи се од Египет свети Ефрем посакал да ја посети Кесарија Кападокиска, за да го види свети Василиј Велики. Нивното прво видување било во светиот храм. Свети Ефрем влегол во храмот кога свети Василиј ја изговарал својата проповед и тогаш добил уверување дека свети Василиј се наоѓал во извонредно голема благодатна состојба. Свети Василиј бил известен од Светиот Дух за присуството на свети Ефрем и го повикал при себе во светиот олтар.

По краткиот поздрав и запознавањето, нивниот разговор продолжил во домот на свети Василиј. Разговарале за многу и различни работи. Кесарискиот архиепископ сакал свети Ефрема да го ракоположи за свештеник, но смирениот Едески монах не се согласил на тоа, па така свети Василиј можел да го ракоположи само за ѓакон, а неговиот ученик го ракоположил за свештеник.

Подоцна свети Василиј испратил во Едеса двајца од своите ученици, да го повика свети Ефрема да го хиротониса за епископ, но овој свет човек се преправал дека е л-уд и на тој начин ја отклонил од себе оваа голема чест, според своето смирение сметајќи дека не е достоен за неа.

Откако се вратил во својата Едеска пустина, свети Ефрем посакал остатокот на својот живот да го помине во осаменост. Но Божјата прамисла пак го повикала да им служи на своите ближни. Жителите на градот Едеса во тоа време стра-дале од глад.

Свети Ефрем со своите силни зборови ги орасположувал богатите да им ги олеснуваат стра-дањата на сиромасите, преземајќи врз себе труд да раководи со доброволните подароци за оние што се измачуваат. Тоа бил неговиот последен подвиг за Црквата.

По враќањето од градот во планината, свети Ефрем набргу се разболел и, откако го напишал својот тестамент, мирно се упо-коил во Господа во 372 или 373 година. Својот земен живот го завршил на рацете од своите ученици и на членовите на Едеската црква, кои бескрајно го сакале.

Во присуство на многуброен народ, свештенослужители и пустинослужители, телото негово и било предадено на земјата, но по извесно време неговите негниежни остатоци биле пренесени во светиот храм. / Преземено со дозвола од редакцијата на Покајание.мк

Великопосната молитва од Свети Ефрем Сирин. (Се практикува за време на Великиот пост, сега).

Господи и Владико на мојот живот, Не ми давај дух на мрзливост, очајание, властољубие и празнословие. (1 поклон)

Но мене, на Твојот слуга, подари ми дух на целомудрие, смирение, трпение и љубов. (1 поклон)

О, Господи Цару, дај ми да ги согледам моите согрешенија и да не го осудувам мојот брат, зашто си благословен во вековите на вековите. Амин! (1 поклон)

(12 мали поклони ) со молитвата Боже очисти ме мене грешниот/та и помилуј ме. Потоа, се чита цела молитва (сите три стиха) па се прави еден поклон.

Владико Боже, Отче Седржителу, Господи, Сине Единороден, Исусе Христе и Свети Душе, едно божество, една сила, смилувај се на мене греш-ниот и како што Ти е угодно спаси ме мене недостојниот Твој слуга, зашто си благословен во вековите на вековите. Амин! / Текстот за НМД.мк го подготви Мартина Христовска