Многу вкусен и освежителен сок од 5 јаболка и 2 кајсии

Фото и рецепт: Емилија Грујовска

Домашен сок кој често го правам, излегуваат околу 4 литри. Може и повеќе дози да направите, но не сум сигурна колкав рок на траење има.

Ние го пиеме за два дена и го чувам во фрижидер. Обично го правам со јаболка и круши, но овојпат го направив од јаболка и кајсии.

Потребни состојки:

5 јаболка (лупени)
2 кајсии
3 литри вода
400 г шеќер

Постапка:

Се лупат јаболката и се сечат на четвртинки од кои се отстрануваат семките. Кајсиите се мијат и се сечат на половина, па и од нив се вадат семките.

Сок од јаболка и кајсии (фото и рецепт: Емилија Грујовска)

Овошјето се става во поголем сад, се преливаат со 3 литри вода и се додава 400 г шеќер.

Сок од јаболка и кајсии (фото и рецепт: Емилија Грујовска)

Се остава да зоврие и веднаш се исклучува. Откако ќе излади или ќе стане млако, се процедува водата, а овошјето се блендира и се додава во течноста.

Сок од јаболка и кајсии (фото и рецепт: Емилија Грујовска)

Се меша убаво да се изедначи, па се складира во шишиња. Целата постапка трае околу еден час.

Сок од јаболка и кајсии (фото и рецепт: Емилија Грујовска)

За рецептот со круши користам три јаболка и три круши, а постапката е иста.

Сок од јаболка и кајсии (фото и рецепт: Емилија Грујовска)

Фото и рецепт: Емилија Грујовска

Loading...