Брезата е билка која се смета за симбол на руското пространство, а кај народот се цени како моќен природен лек против уринарни инфекции, проблеми со бубрезите, ревматизам и други болести.

Народниот билкар Момчило Антонијевиќ објасни како се користат различните делови од брезата:

„Во Белград веќе се разлистани брезите, за разлика од други делови на Србија каде сè уште не се разбудени. Овие тукушто раззеленети млади ливчиња се многу лековити, а особено се одлични за оние кои имаат проблем со бубрезите.

Брезовите листови се најдобар природен лек за камења и песок, првенствено затоа што делуваат диуретично, а потоа и затоа што ја алкализираат урината, па камењата полесно се исфрлаат. Со сите билни лекови треба да се ракува внимателно, па доколку имате голем камен, тогаш ќе биде потребен надзор од лекар.

Доколку станува збор за песок и помали камчиња, тогаш брезовите листови се идеални“, објасни тој. Чистиот чај од млади листови од бреза е исклучително лековит, меѓутоа, многу е важно да бидат набрани од еколошки чиста средина. Исто така, не смеете да наберете повеќе од четвртина млади листови од едно стебло, за да не го оште-тите истото.

Антонијевиќ го сподели рецептот за чај:

„Младите брезови листови кои сме ги набрале се оставаат на сушење, под сенка и на провев. За чај: 4 супени лажици сув и иситнет лист од бреза се прелива со 1,5 литар ладна вода и се додава еден прстофат сода бикарбона која ќе го поттикне дејството.

Се става на оган, па од моментот на зовривање се остава да вари пет минути, па се трга на страна и се остава поклопено да отстои половина час. Потоа се процедува и целата количина треба да се испие во текот на денот“, објасни тој.

Терапијата за чистење на бубрезите со брезов чај трае еден месец и Антонијевиќ потенцираше дека иако станува збор за голема количина на чај и можеби некому ќе му биде напорно да ја испие, сепак дава феноменални резултати доколку лицето е упорно и се придржува до препорачаната доза.

И кората од брезата може да се користи, речиси сите делови се јадливи, а од кората во Русија и Финска се добива катран кој има исклучително антисептично дејство. Меѓу другото се користи против брадавици, егзема, псоријаза…

Младите пупки содржат еден вид на ал-кохол кој е многу лековит, а се користат за приготвување на лек за уринарниот тракт и органите, но и за јакнење на целиот организам“, објасни тој.

ПРОЧИТАЈТЕ: Брезата е свето дрво: лекува ќелавост, дебелина, уринарни инфекции и кожни болести

Старите словени брезата за сметале за свето дрво. Тие верувале дека поседува способности да ги истерува ло-шите ду-хови, па поради тоа колевките за своите деца ги правеле од брезово дрво. Уште пред 5000 години луѓето џвакале брезова смола, бидејќи е одлична против разни воспаленија во устата.

Смолата содржи фенол, карболна киселина која е силен антисептик. Брезовиот сок е богат со шеќери, па со негово готвење се добива вино. Сокот и виното се одличен лек за атеросклероза како и за лекување дебелина.

Брезата е богата со сапонини, танини, есенцијални масла, бетулин, сахароза, витамин Ц… претставува природен антибиотик и диуретик. Се користи за уринарни инфекции, бидејќи му помага на телото да ги исфрли течностите, а притоа не ги оптеретува бубрезите.

Ова свето стебло може да ги смири воспаленијата, стомачните проблеми, ја подобрува циркулацијата и го намалува нивото на лошиот холестерол. Се користи во третмани за с-лабеење и за решавање на проблеми со целулит.

Сокот треба да го пијат лица со кожни проблеми и инфекции на уринарниот тракт. Се пие трипати дневно по 100 мл. Децата треба да земаат половина од дозата.

Сокот од бреза се собира од возрасни дрва, рано напролет пред да се развијат пупките на изданоците. Се бу-ши мало дупче со пречник околу 1 см, и исто толкава длабочина, на висина од 1 метар над земјата. Се поставува дрвена инка или некоја цевка (да не е метал), и се прицврстува стаклено шише или друг соодветен сад (емајлиран, дрвен) за собирање на течноста.

Од едно стебло се собира околу 4-5 литри дневно.

Сокот треба да се чува во фрижидер, но не смее да се замрзнува! Кога ќе се заврши со собирањето на сокот, дупчето треба да се затвори со дрвен клин, а надворешно да се покрие со кал или глина. Истото дрво не смее да се бу-ши многу често, затоа што ќе се намали неговата отпорност на габични инфекции.

Свежиот сок од бреза претставува природен регулатор при бубрежни заболувања, алергија, костоболки, ревматизам, за закрепнување од болести и за подмладување. Постојат повеќе рецепти и упатства како најуспешно да се исползува брезата, односно нејзините листови, смола, сок или кора.

Против губиток на коса, односно ќелавеење – се користи брезов лист. Потребни ви се 20 грама свежи листови и 200 мл зовриена вода. Листовите исечкајте ги и сварете ги. Течноста поклопете ја и оставете да излади. Додајте малку сода бикарбона и почекајте 6 часа. Процедете и нанесете на глава. Повторете ја постапката после 4 часа.

Уште една супер течност се приготвува од пупките на брезата.

Потребни ви се околу 200 пупки кои треба да се варат во вода додека половина од течноста да испари. Пијте го овој сок во текот на денот на секои 4 часа, а добар е за реума, против срцев у дар или за с-лабеење.

И брезината кора е корисна. Можете да ја исечете и да ја сварите. Процедена се пие доколку имате проблем со чир или со дигестијата воопшто.