„Сите некогаш сме имале проблем со желудникот. Оние кои посериозно го доживеале овој проблем добро знаат со какви м аки се соочуваме. Таму каде што современата медицина не може да помогне, на сцена настапува природната медицина.

Знаењето за правилно лечење на желудникот се пренесувало од генерација на генерација и тоа само на личности кои имаат посебен дар. Милица Јовичиќ е 73 годишна баба со ведар дух од Мокра Гора која несебично помага на луѓето.

Лечела и им го с пасила животот на многу доктори, глумци, свештеници, но и мене. Затоа одлучив да го направам ова видео“ – вели Новак Кнезиќ, на својот истоимен јутјуб канал.

Милица го започнува разговорот за нејзините лековити билки и како таа подготвува лековити чаеви кои помогнале на многумина. „Им го местам желудникот на оние кои имаат проблеми со него. Постојат 3 точки на телото кои секогаш ги наоѓам и ги притискам. На овој начин лекувам нервозни црева, б олен желудник, ош.тетена слузокожа..

Овој дар го наследив од мојата баба, мајка на мајка ми. Таа се занимаваше со овие работи, а еден ден кога требаше да и‘ помогнеме и да ја притиснеме на една точка бидејќи таа сама не можеше, прво и пријде сестра ми близначката. Само што сестра ми и ја стави раката, баба ми веднаш и‘ рече -не!, по допирот почувствува дека нема да може да ја притисне правилно.

Потоа пристапив јас и баба ми веднаш почувствува колку добро ја притискам на б олното место и постојано ми викаше: – „Браво, продолжи само така“. Потоа ми рече дека сум и ја пронашла и третата точка, како да знаеше дека имам посебен дар. Тогаш имав само 15 години и не бев подготвена тоа да го работам.

Баба ми само ми рече, дека кога ќе дојде време, сама ќе почнам и постепено ќе го откривам дарот кој го имам во себе. Така и беше. Кога наполнив 28 – 30 години, веќе се омажив, родив деца и почнав да работам.

Кога кај некој ќе се појави проблем, веднаш се одразува на дланката една точка како клик. Е, кога ќе ја притиснам таа точка, луѓето потскокнуваат, така оди лекувањето на желудник. Сè е поврзано во организмот. Исто така, оваа точка ја има и на стапалото.

Покрај тоа што ги масирам овие точки, б олката се смирува само за тој ден или можеби 2 дена после тоа, но лекувањето не завршува тука. Кај секој што дошол кај мене знам што му е потребно и што му треба. Правам разни чаеви од лековити билки и терапијата продолжува на овој начин.

Досега сите биле задоволни. Ми доаѓаат луѓе од целиот свет. Дури некои кои не можат да дојдат кај мене, ми обезбедуваат јас да отидам кај нив. Сум лекувала многу фудбалери, кошаркари, многу лекари.. Исто така, многу луѓе го намалија бројот на килограми после овие чаеви.

На луѓето веднаш им олеснува по притисокот. Одма забележувам како ќе подждригнат и им станува подобро. При оште-тена слузокожа на желудникот, проблемот го лекувам на петата, таму се јавува таа точка за која претходно зборував.

Како правило секогаш советувам, појадокот да биде во исто време, секогаш да се пие барем половина чаша вода пред оброк, а половина час по оброкот не смее да се пие вода. Ова е непишан закон.

Желудникот е најглавната машина во нашиот организам. Но, исто многу влијае и стре-сот на него. Проблемите со желудникот на овој начин се лекуваат потешко, но сепак се излечливи. И најмалата повреда на желудникот, може да предизвика голем проблем, затоа треба веднаш да се лекува.

Чувар куќата е најдобриот лек за желудник. Мора секојдневно да се пие чај од чувар куќа. Овој чај го лекува воспалението и секоја иритација на желудникот. А ако стра-дате од нервозни црева, земете една смоква и после тоа чај од листот на смоквата. Најважно е чајот да отстои 6 минути на 100 мл вода и 1 лажичка чај. Мора правилно да се прави, инаку нема да се подобри состојбата.

Никогаш некој не се пожалил од мене. Сите што излегле од тука се презадоволни. Баба ми еднаш ме советуваше да не наплаќам, тоа е правило. И така и постапувам, го слушам нејзиниот совет. Но луѓето се толку задоволни што секогаш се враќаат со полни раце за да се заблагодарат.”

Коментар од Анжелика: Голем поздрав од Русија. Многу ни помогна нам. Нејзините чаеви се ма.гични. Коментар од Зи Гард: Милица е една добра и позитивна жена полна со љубов на секој да помогне. Има Божји дар и неверојатна емпатија и чувствителност.

Коментар од Весна: Кога ме б олеше желудникот, мојата колешка ме прати кај Милица. Ми притискаше едно место на раката и се чувствував многу подобро. Потоа пробав и сама дома да се притискам, но не ми успеа. Нејзините раце имаат некоја посебна енергија.

Милица живее во Мокра Гора, планина во југозападна Србија. Целото видео од Милица може да го погледнете ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска