Многу вкусна, витаминска салата која сите ја обожуваат. Ова е најдобрата мешана салата за зима која досега сте ја пробале! Останува крцкава и не е премногу кисела. Може да се јаде уште следниот ден.

Ќе ви претставиме неколку рецепти – примери како се прави овој овој посебен начин за приготвување на зимница. Првиот рецепт е за пиперки, вториот за краставици, а третиот за МЕШАНА САЛАТА НА ЛАДНО – од различен зеленчук.




ПИПЕРКИ ВО ТЕГЛА НА ЛАДНО. Потребни состојки: 5 кг пиперки, 1 литар бел оцет 9%, 150 г сол, 300 г шеќер, 3 литри вода и 1 кесичка винобран. Постапка: најпрво пиперките убаво измијте ги со ладна вода.

Потоа исчистете ги од петелките и семето и исечете ги на парчиња со големина по ваш избор. Можете да ги сечете крупно или поситно, во зависност од тоа како сакате да ви изгледаат во чинијата.




Исечените парчиња редете ги во стаклени тегли, претходно измиени и стерилизирани. Во поголем сад измешајте ги шеќерот, солта и една кесичка винобран. Во друг поголем, пластичен сад додајте 3 литри вода, оцетот и мешавината од шеќер, сол и винобран.




Добро промешајте со лажица додека сите состојки да се растопат. Можеби ќе ви бидат потребни неколку минути мешање, бидејќи солта и шеќерот потешко се раствоаат во ладна вода. Со оваа течност (кога ќе забележите дека не останало ниту едно зрнце нерастворено), до врв залијте ги теглите. Внимавајте да не остане ниту еден дел од пиперката непокриено.




Затоа, можеби најдобро е најгоре да ставите потиснувач (бели пластични мрежички). Затворете ги теглите со нови, стерилизирани капачиња, а теглите оставете ги некаде на ладно и темно за да се закиселат.




Еве како се приготвуваат краставичките според истата постапка: краставичките добро измијте ги и наредете ги во буренце или тегли, а потоа прелијте ги со истиот прелив како од претходниот рецепт. Потиснете ги добро, затворете ги и оставете ги на ладно и темно место за да се скиселат.




МЕШАНА САЛАТА НА ЛАДНО. Потребни состојки: 9 кг зеленчук (зелка, пиперка, зелен домат, морков, кромид…), 1 литар оцет алкохолен (киско), 3 литри вода, 1 кесичка винобран, 150 г сол, 200 г шеќер. Овој рецепт го имам одамна, за 9 кг зеленчук, но течноста која излегува е сосем доволна и за повеќе од 10 кг. Па така, ќе видите сами и одредете си.




Од оваа количина добив 10 тегли од оние од 750 г. Јас за својата салата зедов: 5 кг зелка, 4 кг пиперки, 1,5 зелени домати. Зеленчукот добро измијте го. Зелката изрендајте ја, а пиперките и доматите исечете ги на тенки ленти или листови.




Сите состојки ставете ги во поголем пластичен сад каде ќе можете добро да ги измешате. Оцетот, водата, шеќерот, солта и винобранот измешајте ги веднаш, на ладно. Не треба да се загрева ништо, само промешајте за да се растопат и соединат состојките.




Ќе ви се чини дека е малку течност, но веќе за десетина минути ќе забележите како зеленчукот „опаѓа”. Оставете вака зеленчукот да стои натопен 24 часа. Ќе видите, по изминатото време, зеленчукот ќе биде убаво натопен во растворот.




После 24 часа салатата складирајте ја во добро испрани и стерилизирани тегли. Важно е добро се стисне зеленчукот, а може да користите и потисок како онаа белата мрежичка, но јас не користам ништо. Важно е ДА НЕ ОСТАНЕ течност.

Јас салатата ја ставав во наопаку превртени тегли, буткав за што повеќе да собере. Потоа теглите се затвораат. Пред послужување салатата само малку зачинете ја со масло. Многу е убава!