Посно јадење со компир, тестенини и кромид – Ваљушки, стар војводински рецепт за вкусно и заситно јадење

Фото и рецепт: Билјана Симич – Ваљушки.

Ваљушки се старо посно јадење од Војводина, се приготвува со варен компир, домашни тестенини со посно тесто и на крај се залева со пржен кромид и зачини. Ова јадење е одлично за време на пост, бидејќи е многу вкусно и долго ве држи сити. Колку повеќе кромид употребите, толку е повкусно.

Потребни состојки:

3-4 големи компири
250 г брашно + 100 г при месење
2 лажици масло
1 лажичка сол
200 мл млака вода
5 поголеми + 3 помали главици кромид
2 лажички слатка црвена пиперка во прав
½ лажичка црн пипер
1 прстофат сол
2 лажички сув зеленчуков зачин (вегета)

Постапка:

Сварете 3-4 поголеми компири исечени на коцки. Кога е сварен компирот процедете го и префрлете го во поголем сад. После компирот се приготвува тестото.

Во еден сад се става 250 г брашно, 2 лажици масло, 1 лажичка сол, 200 мл млака вода и се замесува тесто како за пита. Ќе ви биде потребно уште околу 100 г брашно за месењето на тестото.

Кога тестоо е замесено се развлекува во кора како за пица и се сече на коцки. Тенџере со вода се става на оган, па кога ќе зоврие водата внатре се спуштаат коцките тесто. Кога ќе исплива на површина готово е.

Ставајте малку по малку, не ги ставајте сите коцки тесто одеднаш, за да можат убаво да се свара. Вареното тесто процедете го и ставете го во варениот компир.

Кромидот исечете го на ленти и ставете го во тава со масло. Динстајте го додека да омекне, па додадете 2 лажички слатка пиперка и половина лажичка црн пипер. Промешајте.

Кога ќе се соедини, полека додадете го пржениот кромид и малку од маслото во кое се пржеше. Не го додавајте целото масло за да не ви излезе премасно јадењето, туку по вкус.

Од зачини уште додадете прстофат сол и 2 лажички сув зачин. Убаво промешајте и послужете. Јадењето е одлично за пост затоа што долго држи ситост. И колку повеќе ќе ставите кромид, толку јадењето е повкусно.

Фото и рецепт: Билјана Симич

Loading...